БОЧВАРСКИ: Без радиодифузна такса, 7.600 денари за стечајците до пензионирање

Штип, 03.08.2017

  • Од септември најниската плата 12.000 денари за 35.000 работници со ниски примања на бесплатен одмор

СДСМ и новата реформска Влада се зафати со решавањето на проблемите на граѓаните на Штип и цела Македонија. По само 60 тина дена ќе биде донесен ребалансот на буџетот на Република Македонија со што повеќе пари ќе се вратат назад кај граѓаните.

Bocvarski pres 08.2017Со ребалансот се кратат непродуктивните трошоци и луксузи од претходната Влада и повеќе пари се наочуваат кон граѓаните. Со одговорното и домаќинско работење на владата предводена од СДСМ, се кратат 33 милиони евра за патни трошоци и тековни расходи, 13 милиони евра за проектот Скопје 2014 и 7 милиони евра во премиерскиот кабинет.  Овие средства се ослободуваат за исполнување на дадените ветувања пред граѓаните.

Ова. На прес конференција во Штип, го рече пратеникот и потпретседател на СДСМ Благој Бочварски.

„Како што вети, Владата предводена од СДСМ уште во првите сто дена од мандатот го решава долгогодишниот проблем со стечајните работници. Со ребалансот, тие ќе добијат  по 7600 денари месечно се до нивното пензионирање. Ќе има покачување на минималната плата на 12 илјади денари веќе од септмеври. Тоа ќе значи повисок месечен приход  за 70 илјади работници, особено во текстилната, кожарска и индустријата за обувки кои се најбројни токму тука, во Штип.  Ќе се обезбеди бесплатен одмор за 35 илјади текстилни работници. Радиодифузната такса ќе биде укината за сите граѓани, а ќе има зголемување на средствата за водоводи и канализации, како и поддршка за мали и средни претпријатија и активни мерки за вработување во висина од 4,2 милиони евра“, посочи Бочварски.

Според него, ова се само дел од придобивките за граѓаните на Штип и цела Македонија.

-„Продолжуваме понатаму, чесно, одговорно и транспарентно. Во наредниот буџет за 2018 година ќе продолжиме да ги остваруваме нашите мерки кои се исклучиво во интерес на сите граѓани на Македонија. Владата предводена од СДСМ ќе продолжи на активно и посветено спроведување на програмата за којашто гласаше мнозинството граѓани и што носи економски напредок, ефикасни институции, правда и квалитетен живот за сите граѓани“, рече Бочварски..

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе