БОЧВАРСКИ: По две децении го реконстуираме иралиштето во „Блок 77“
Штип, 25.07.2018
Актуелното општинско раководство на Штип продолжува со создавање на квалитетни услови за спорт и рекреација за граѓаните, како еден од своите приоритети ветени во предизборниот период.
,,Денес се наоѓаме во Блок 70 во ова познато игралиште во кое изминативе дваесет години немаше никакво вложување и е целосно руинирано. Затоа решивме да започнеме со реконструкција на ова игралиште со што ќе го доведеме до една добра состојба, се со цел младите луѓе овде кој што ги има повеќе да рекреираат“, рече градоначалникот Благој Бочварски.
Проектот за реконструкција е на ЈП Стипион, реконструкцијата чини 2.400.000. Предвидено е изградба на нови игралиште за кошарка и за одбојка.
„Овде ќе имаме два терени,ќе биде заменето осветлувањето на рефлекторите, ќе има нови огради, пристапни патеки и нови клупи. Веќе поставивме реквизити од десетте активни зони за рекреација и спортување така што ова игралиште ќе го добие вистинскиот лик“, посочи Бочварски. Тој уште потсети дека во ова ново време на технолошки напредок, ова е вистински начин да се создадат услови за спорт и рекреација на младите.
Она што е интересно овде е тоа што веќе се јавуваат граѓани, правни и физички лица кои што сакаат да дадат поддршка на ЈП Стипион и на Општина Штип да излезат во пресрет и со свои средства и да донираат во изработката на овој терен за спортување на луѓето” изјави градоначалникот Благој Бочварски.
Сашко Протогеров, директор на ЈП Стипион информира дека површината на теренот за кошарка изнесува 400 м2 , а за одбојка 280м2. -„Првата фаза е планирано да заврши за десетина дена”, рече Протогеров.