БОЧВАРСКИ: Утревечер на плоштадот во Штип масовно да ги прославиме нашите успеси

Штип, 13.07.2018

Благој Бочварски, градоначалник на Штип, ги повика сите жители на регионалниот центар утре навечер, во 21 часот, масовно да дојдат на градскиот плоштад „Слобода“ за заеднички да ги поврзат нашите успеси поврзани со нашето извесно членство во НАТО и во ЕУ.

„Македонија вчера оствари историски успех – доби покана за влез во НАТО. Врвните стратешки цели и интереси на нашата земја конечно се остваруваат. Македонија станува триесеттата членка на НАТО, а македонското знаме ќе се вее пред седиштето на НАТО во Брисел, рече Бочварски.

Тој потсети дека Македонија има добиено и датум за почеток на преговори за полноправно членство во Европската Унија.

„Изминативе неколку месеци, Македонија зачекорува во ново време, време на надеж, победи и гордост. Меѓународната заедница ги препознава позитивните промени во нашата земја, како и динамичниот процес на реформи и унапредување на општествениот дијалог.

Ова е голем успех за Македонија, постигнат со силна желба за подобра сегашност и иднина на нашите граѓани“, рече Бочварски.

Во тоа име, во име на нашите историски успеси, тој ги покани сите штипјани на обединување и заедничка прослава на историскиот успех на Македонија. Тој момент е дел од големата граѓанска прослава која ќе се одржи во 15 градови ширум земјава, меѓу кои и во Штип.

„ Ги поканувам сите штипјани, но и сите граѓани од регионов, утре вечер во 21 часот на плоштадот „Слобода“ во Штип заедно да ги прославиме нашите успеси“, порача штипскиот градоначалник кој е и еден од потпретседателите на владејачиот СДСМ.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе