БУЧИМ: Донација од 5.000 евра за најранливите семејства во Радовиш и Конче

Радовиш, 30.04.2020

Рудникот за бакар Бучим кај Радовиш уште еднаш на дело ја покажува својата општествена одговорност. Во време на вирусот Ковид-19, а со цел најранливите, социјално загрозени семејства во општините Радовиш и Конче полесно да го надминат овој период, рудникот донираше 5.000 евра. Средствата се донирани на Општинската организација на Црвениот крст во Радовиш која е надлежна и за општина Конче.

„Донираните парични средства ќе бидат искористени за подготовка на пакети со основни прехранбени продукти, средства за лична хигиена и средства за дезинфекција, кои Општинска организација Црвен Крст – Радовиш, ќе ги достави до социјално најзагрозените семејства од Радовиш и Конче, информира Николајчо Николов, заменик генерален директор во Бучим.

Николов истакнува дека рудникот продолжува со својата одамна востановена пракса на активности во чија основа е општествената одговорност.

„Тоа е важен дел од нашето работење. Наша обврска е и во овој тежок период за сите, да се однесуваме одговорно кон општеството во кое работиме и да дадеме помош на оние на кои помошта им е најпотребна и притоа со свој придонес да помогнеме во надминувањето на последиците од коронавирусот”, нагласи Николов.

Инаку, рудникот Бучим на здравствениот сектор во државата, пред неполн месец, за справување со оваа зараза донираше 50.000 евра, од кои 10.000 евра беа наменети за болниците во Радовиш и Струмица како и за Клиничката болница во Штип.

                                                                                                            К.Крстева

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе