Вечер во Штип сатиричната монодрама на Драган Тешиќ „Со што и со кого во ЕУ“

Штип, 11.05.2018

Актерот Драган Тешиќ од театарот „Дравт“ од Тузла вечерва пред штипјани ќе настапи со хумористично-сатиричната монодрама „Со што и со кого ЕУ“. Настанот ќе започне во 20 часот во големата сала на Домот на култура „Ацо Шопов“.

Актерот од Тузла е на балканска турнеја со монодрамата која е прикажувана стотина пати во многу градови пред се од бившиот ЈУ простор. Овојпат Штип се најде на мапата на балканската турнеја на Тешиќ кој во градот под Исарот доаѓа по настапите во Тирана и во Охрид.

Се работи за текст со исклучителна актуелност кој говори за стремежот на балканските народи да влезат во друштвото на развиена Европа. Тешиќ гарантира многу убава атмосфера, многу смеа, а публиката ќе има шанса со аплауз да покаже и докаже дали актерот успеал да ја разгали.

Значи вечерва во 20 часот, дом на култура „Ацо Шопов“ – Штип, голема сала, влез 100 денари.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе