Виница, 17.05.2019
Маријана Иванова, млада македонска ликовна уметница со потекло од Виница во вторник, на 21 овој месец, во Софија,главниот град на Република Бугарија, ќе има самостојна изложба на плакати под наслов Imposter:Поврзување.
Изложбата ќе биде отворена во 18,30 часот во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија.
Младата уметница ќе изложи 23 плакати плакатите кои се нејзини дипломски проекти создадени за време на студиите во Националната Ликовна Академија во Софија, катедра ,,Плакат и визуелна комуникација‘‘.
Седум од нив се од одбраната на додипломските студии, инспирирани од романите на Херман Хесе (ментори: проф. Георги Јанков и ас. Ненко Атанасов) и 16 филмски плакати од магистерскиот проект на младата авторка (ментори: проф. д-р Иван Газдов и ас. Ненко Атанасов).