Охрид, 7 август 2019
– Руските музички уметници одсекогаш му давале печати оставале посебен белег на мегународниот музичко сценски фестивал “Охридско лето”, во Охрид.
Оние од средната генерација, како легендарното музичко семејство Коганови, Виктор Третјаков и други, всушност, и го граделе имиџот на фестивалот, го трасирале патот до Салцбург и друштвото на европските врвни музички фестивали.
Во таа плејада од руски изведувачи на класичното пеење и музицирање, сека, влегува и руската пијанистка Виолета Егорова,која синоќа,имаше пијанистички рецитал во Света Софија. Од неразбирливи причини, секако не беше тоа поради висината на влезницата од илјада денари, цдентралниотмузички храм на Летото, беше слабо исполнет са музичко име од тој калибар.
Вообичаено е публиката во црквата „Света Софија“ да не се разделува така лесно со великаните на музичката уметност. Егорова, исто така,и излезе во пресрет со бис изведби8.
Одбра атрактивна програма и изведе дела од композиторите Франц Шуберт, Јоханес Брамс, Фредерик Шопен, Николај Медтнер и Александер Скрјабин .
Родена во Краснобар, Виолета Егорова започнала да свири пијано на четиригодишна возраст, дебитирајќи со целовечерен рецитал кога имала 12 години. Образованието го почнува во Централното училиште за талентирани деца во Москва, а продолжува на Московскиот конзерваториум „П.И.Чајковски“ под менторство на прочуениот Лев Наумов. Додека сѐ уште била студент, нејзиниот талент го препознава Руско-Американската корпорација „ Уметност и електроника“ и ѝ овозможува да сними ЦД со дела од Моцарт и Прокофјев одбележувајќи ги годишнините од раѓањето на овие композитори. Потоа, снима уште неколку носачи на зву.
Виолета Егорова е лауреат на повеќе интернационални натпревари. Често како солист настапува со реномирани оркестри. Предава пијано на Академијата „Рахмањинов“ во Катанија, каде е претседател и основач на интернационалната награда „Сергеј Рахмањинов“. Уметнички директор е на Интернационалниот фестивал „Концертфест“ во Москва и е активен член на Интернационалната Академија за информатизација која има консултативен статус при Обединетите нации од 1995 година.
Веле Митаноски