Во Охрид се одржува состанокот на министри за одбрана на САД – Јадранска повелба. Учествуваат министр, или официјални претставници на САД, на земјите членки – Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Црна Гора. За утре е најавено присуството на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, Најавено е и учеството на министерот за одбрана на Бугарија, Каракачанов, како и министрите за одбрана, или официјални претставници на земјите набљудувачи – Косово, Србија и Словенија. Тема за расправа за регионалните проекти, можноста за унапредување на регионална одбранбена соработка преку други форми на соработка, за заедничкиот придонес во операцијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан и актуелната безбедноста состојба со која се соочува регионот.