Штип, 10.10.2018
Во сабота, на 13 овој месец, во уметничката галерија Безистен во Штип, во 18 часот ќе биде отворена изложба на плакати на уметничката Маријана Иванова. Таа е член на друштвото на ликовни уметници „УМ“ од Виница.
Изложбата на плакати е под наслов ,,IMposter 2” и е дел од националната манифестација ,,Нов културен бран‘‘ на Министерство за култура.
По излагањето во уметничката галерија во Виница во рамките на новиот културен бран, Маријана Иванова со својата уметност ќе се претстави и пред штипската културна јавност.
Иванова ќе изложи 40 плакати со кои таа има учествувано на бројни престижни интернационални конкурси и изложби во дваесет земји во светот. Дел од нив се плакати изработени за време на магистарските студии во Националната Ликовна Академија во Софија, Бугарија, под менторство на проф. Иван Газдов и асистент Ненко Атана