Во Струга заврши “Летната школа: Студии за глобална безбедност”
Струга, 3. септември 2017
Викендов во Струга заврши “Летната школа: Студии за глобална безбедност”, што, во организација на “Евро-Балкан” од Скопје и УШАК универзитетот од Турција, се одржуваше од 29 август во хотелот “Бисер”.
Учесници на “Школата”, беа студенти-постдипломци, по политички и општествени науки, од Македонија, Бугарија и Турција, додека предавачи беа професори и познати личности од споменатите земји и уште од Србија.
– “Школата” се организира за првпат, но нашата намера е таа да се прошири и по време и по капацитет во однос на учесниците, односно да биде традиционална. На тој начин ќе се истражат сите аспекти од научен пристап, во врска со глобалната безбедност, односно превенцијата и избегнувањето на судири – вели професр д-р Рубин Зенон, директор на “Евро-Балкан”.
Учесниците, посебно ја нагласија одличната организација, како и можност да се сретнат на едно место и да разменат искуства професори и студенти – постипломци од 4 значајни земји на Балканот и пошироко.
– Изминатата седмица ги анализиравме сите аспекти кои се оденесуваат на глобалната безбедност во светот, со посебен акцент на балканските земји и Турција. Светот е во превирање, ние се наогаме во една фаза на нов, наидувачки светски поредок. На сцена е мултиполаризам – од една страна, а од друга една нова состојба со економскиот и политички џин- НР Кина, која заговара една такавикана “вин-вин” ситуација, односно политика на подеднаква добит во сите процеси, како модел на соработка – потенцира д-р Јасминка Симиќ, од Белград, Србија.