Голем успех на штипски деца на Интернационален музички натпревар во Париз

Штип, 02.05.2018

MAKSIMOVA SO UCENICI
Проф.м-р Марија Максимова со Теодора и Михаел во Париз

Теодора Ноемина Пастоњицки и нејзиниот брат Михаел Тимотеј Пастоњицки од Штип постигнаа огромен успех на престижниот интернационален музички натпревар „Александар Скрјабин“ одржан во Париз.

Деветгодишната Теодора Ноемина Пастоњицки, ученичка во класта на проф. М-р Марија Максимова од државното музучко училиште „Сергеј Михајлов“ – Штип во силна меѓународна конкуренција го освои првото место во категоријата А, а нејзиното поголемо братче Михаел Тимотеј Пастоњицки, исто така ученик во класата на проф.

М-р Марија Максимова, го освои третото место во категоријата Д.

03Така одлучи меѓународното жири составено од светски познати пијанисти со кое претседаваше Игор Лазско .

„Ова беше 18 по ред интернационален натпревар на талентирани млади музичари во сегментот на класична музика од повеќе држави. Организатор е Рускиот конзерваториум „Александар Скрјабин“ во Париз.  Меѓу стотина деца од цел Теодора и Михаил остварија голем успех“, вели нивната менторка Максимова.

Теодора, како победник во категроријата на најмлади пијанисти настапи и на завршниот свечен концерт во Рускиот културен центар во Париз, што беше уште едно вонредно големо признание за неа.

02Инаку, 9 годишната Теодора е ученичка во трето, а нејзниот 13 годишен брат  Михаел учи во седмо одделение, и двајцата во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе