Штип, 27.09.2019
Делегации на општините Делчево и Чешиново-Облешево предводени од градоначалниците Горан Трајков и Горан Крстев престојуваа во работна посета на градот Тернопил во Украина.
Посетате беше на покана на Надал Сергеј, градоначалник на Тернопил.
-Целта на посетата е да се истражи потенцијалот за започнување соработка во насока на инвестициите и пренесување на искуствата во повеќе области на заемни интереси пред сѐ во областа на економијата и локалниот економски развој, трговијата, земјоделската соработка, но и во областа на културата и образованието, изјавија Трајков и Крстев.