“Цикличноста во историјата, освен логика, содржи и праведност”, вели бугарскиот интелектуалец, одомаќинет кај нас, Стефан Влахов-Мицов.
На ова ме потсетуваат денешните постизборни настани. Знаменосците кои го вејат партискиот бајрак, на протестите пред ДИК и пред општинските штабови на победничката партија, се истите оние од 1990 година. Оние, на кои војводата Љупчо случајно налетуваше по градските биртии и плоштади и од кои ги правеше раководствата по општините и централата! Ова е по негово, лично, признание!
Тоа се истите оние од Заштитните комитети (преките партиски судови!) од Охрид, оние кои ги завземаа институциите – од МРТВ до Собранието. Еден од нив доби најповеќе гласови кога го формиравме ЦК, се мајтапи, денес на своја сметка освестениот Војвода.
Истите тие, сега се само подзасилени со четата на Филип Петровски, облечена во црни долами и со симболот – ќосето! Надополнети и со крстоностката (педагог-наставничка!!!) од Битола, со Војводата Амди Бајрам на кому пред ДИК му аплаудираа за “хуманата” порака: На Заев многу блиску ќе му биде погребот..ќе му палиме свеќи на гробишта!!!!!!!
Да му посакуваш смрт на другиот, е исто како да си испилчаша отров и да очекуваш, тој другиотнаместо тебе да замине на другиот свет! Ама, ако лидерот се повикува на ножот на Ќосето, сосема е логично, веднаш, да се надоврзе во “јуначењето” јаничарката Валентина, која после се што издроби за Никола ( дури и становите му ги откри!), сега мора да одработува и дење и ноќе!
Филип Петровски да не го видел некој после Бејли!?, прашува деновиве еден фејсбук-френд. Секако, мисли на “филипиките” (пo угледот на острите говори на демостен против Филип Втори), прозивките кон “еден амбасадор”, од страна на, замислете директорот на Државниот архив, кој во соопштението на ВМРО ДПМНЕ е сведен на “некој поединец!”.
Еве го цитатот од ноќното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: “нема дилема околу членството во НАТО, ЕУ и односите со САД, а најдобар доказ за тоа е потпишаната декларација за стратешко партнерство, но дека тоа незначи дека некој поединци, партијата или дражавата неможе да изрази некое несогласување со некои чекори на поединци кои ги преставуваат САД”.
Доцна стигнавме, пријателе Јанко, на Косово!?
Мојот драг пријател Јанко Бачев,на својата ФБ страница, го објавува соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од средбата Груевски – Бејли. Соодветно, Јанко дава и свој коментар: “За првпат во 25 годишната историја на еден американски амбасадор фактички му е кажано да си ја гледа работата и не да се меша во избор на домашната влада. По ова, се чини дека нема враќање: или Бејли со инагурацијата на Трамп ќе лета од Македонија или Груевски лета од премиерската функција/политиката. Трето нема!”
Драг пријателе Јанко, политиката е за “големи чичковци”, напиша деновиве професорот Шукаров.
Ниту “фактички” му е кажано на Бејли, онака како што е напишано во соопштението (тоа е еднострано, не е заедничко, значи – наменето e за членството!), ниту Бејли, “со инагурацијата на Трамп ќе лета од Македонија” (за Груевски не сум сигурен!?), ниту САД ја менуваат политиката (како нас) на секои 24 часа, ниту Трамп знае каде е Македонија, ниту Македонците се првенствениот интерес за САД (визави другата “процентуална” популација – знаеш што сакам да ти кажам!),ниту од Македонија ќе остане нешто-во оној момент, кога ќе не тратат, зашто веќе преку глава им се качивме, односно кога ќе престанат “да се мешаат” во нашите внатрешни работи!
Секако, дека се согласувам со тебе – владата е внатрешно прашање и ќе ја составуваме ние, односно “победниците”.Но сега, прашањето е – што после победата и кои се “победниците”!?
Односно, старата флоскула:”до победата и после неа”!?
Или уште подраматично: “победата како последен пораз”!?
Подеднакво сум амеро-фил, колку што не сум русо-фоб! Но, политиката не само што е за “големи чичковци”, туку е и уметност на можното. Кон верува нека провери зошто, покрај драгиот Орбан, Хрватката од Сељачка странка, и секако нашиот Прецедател, се огласи само уште руското МНР – во прилог на брзото прогласување победник и брзото ковање влада!?
Па сепак, материјалот за доизградбата на покривот на заедничката македонско- албанска куќа, го сакале ние тоа или не, ќе се купува од Вашингтон, а не од Москва! Затоа што се околу нас е НАТО, затоа што додека Филип прави мајтапи, косовските Албанци градат булевари со имињата на американските претседатели, затоа што за македонските и за сите Албанци Вашингтон е поголема мека и од самата Мека, затоа што она што албанските лидери не сакаат да го прифатат овде на Калето, ќе го прифатата во Тирана-пред Еди Рама. За добро,или за лошо-тоа е реалноста. Ама, заш, тоа не добро-би рекле моите охригани! Заш така требит, така морат!!!!
Угоре високо-удолу длабоко!
Овие избори исцртаа нова политичка стратографија, нова мапа во Македонија.Тоа го исцртааа граганите. Како и да ја вретите, како и да ја сучите, шилото излегува: пата-пата ситуација!
Позајмен ФБ статус: “И самите знаат дека не е до ДИК, никој не сака да коалицира со нив, сакаат да се тепаат, никој не сака да се тепа со нив, на крајот ќе се истепаат помеѓу себе …Или: После ова не верувам дека и најголемите пријатели на Македонија, ќе можат да ни помогнат!”.
И бидејќи живееме во еден нереален, апсурден свет, кога “животот” ни се одвива на Фејсбук и Твитер, ќе повторам и еден мој статус, поврзан со снаата од Долно Дупени во егзотична бунда, мојата дебрчанка – Валето.
Еден мој познаник од Охрид (погледајте ја реакцијата:(“Vele me razocara, pokazuvas mnogu nisko nivo za prof novinar”) бил непријатно изненаден – разочаран, од мојот вокабулар во статусот за Валето – Божиновска! Вели дека,со тоа не ја штити Валето и “ноќта на ножевите” (значи не знаеме дали е разочаран од нејзиниот вокабулар, или не !?), туку ја штити “организацијата”!?Не знаеме што подразбира под “организацијата”, но можеме да претпоставиме дека, се работи за истата онаа “организација” која Валентина Божиновска ја постави на функција, од која, дотичната, е последната жителка на оваа земја што може да бара нож за противникот!Еј, луге, освесте те се! Оваа сподоба, во името на Македонија, влегува во папскиот кабинет во Ватикан!? И што треба сега, светиот отец да си ја пресече раката затоа што се ракувал со ова суштество!?
ВМРО ДПМНЕ, всушност, веќе се однесува како опозиција!
Дури и брачните партнери “Мито” и “Корупција” (Груевски-Ахмети), кои заедно спијат токму во владините одаи, ја сватија пораката од гласачите дека веќе не е ништо исто како пред 11 декември. Дека замина времето на диктатурата на мнозинството. Дека џабе го распуштија парламентот во 2007 и со мајскиот договор влегоа во циклус на предвремени избори. Како одеднаш ВМРО ДПМНЕ, всушност, се најде и прифати позиција да се однесува како опозиција!? Ги напага сопствените институции, наместо даги брани. Сеуште е власт! Која е логиката, кога сите институции ги зазедоа одвнатре, сега ќе ги рураш однадвор? Денес се пред ДИК, утре пред Управниот суд, задутре ќе палат коледарски огнови пред Собранието!Фатени во жив песок, наместо да седат мирно, барем главата да им остане надвор – колку да дишат, претаат уште повеќе! Од ден на ден, губат секаква шанса да формираат влада, без оглед на војната за едно пратеничко место. Да сум на местото на Заев, ќе им го подарам, да видам што ќе направат со него? Коалицискиот капацитет го сведоа на нула!
“Бројот на лугето од врвот на ДУИ, кои би влегле во нова влада со ВМРО ДПМНЕ, може да се избори на прстите од едната рака”, вели синоќа на Алсат М, Ермира Мехмети. “Ние и досега бевме вештачка, а не продуктивна коалиција” – додава дамата. Лизгав е теренот на бракот од интерес! Албанските гласачи одавна сватија дека на воинот Али, му бил поблизок тендербег од Скендербег! “Корупцијата е и системска и ендемска, но сепак, уште поголем проблем е недостатокот од демократичност-општствена и во картелската партиска организација. Сите бивши ју-републики, си го имаат својот Санадер, затоа и го одлагаат влегувањето во ЕУ”, вели хрватскиот учен, угледниот професор Жарко Пуховски.
Тоа, пак, што го довлечка Скендербег во Скопје, било колку за “уметнички дојам”!? Албанците за тоа ја испорачаа политичката фактура! Којзнае, можеби мегу приврзанициоте на Никола сеуште има такви кои се готови, да сечеат вени, нели, за неговата “цврста решеност”: “подобро ќе си ја пресечам раката, отколку да се ракувам со Ахмети”!
Едноставно на лагите им дојде крајот, тоа го сватија и Македонците и Албанците. Во етнички ( сега и во интра – етнички ) поделената Македонија, ете некоја невидлива рака од космосот, рамноправно ги подели пратеничките столчиња и за едните и за другите. ЕНДЕ!