Oхрид, 03.01.2017
Многу врева се крена во Македонија околу “братството” на Ивица Даќиќ со Грците, за инат на Македонците! Балкански примитивизам: на комшијата да му цркне козата!?
“Србија направи голема грешка. Цела Европа и светот го користат називот БЈРМ, а ние на нашите браќа Грци им удривме шлаканица и сега очекуваме од Грците да не го признаваат Косово. Македонија ја признавме со тоа што ги навредивме Грците, а Македонците постојано гласаат за Косово. Ние сме будали!” – изјави за агенцијата БЕТА, Ивица Дачиќ.
Мојата прва реакција беше дека изјавата е, всушност, за домашна употреба и дека тој нешто се докажува, за нешто “јаничари” пред Вучиќ! Најверојатно, во прашање е неговата претходна изјава околу кандидатурата на Тома (другарот од Ивонка – наша сителовка!) за втор претседателски мандат во Србија. Демек, може Тома, ама, само ако Вучиќ и од Дачиќ побара согласност!? “Мало Морген”, велеше политичкиот татко на Дачиќ! Вучо, сигурно му кажал дека “согласноста” ќе ја добие на можните предвремени парламентарни избори, најверојатно заедно со претседателските, така што Дачо, сега е во немилост кај Вучо!Особено што Вучо и наш Грујо, функционираат како врзани садови!!!
На социјалните мрежи изјавата беше дочекана со салви од критики, за жал и непотребни и непримерени изјави за Србија-како земја и за Србите – како нација.Тоа не ни треба. Мојот апел: ниту лош збор за Србија и Србите, врзано со изјавата на самопрогласениот будала Ивица Дачиќ.Токму според српската поговорка: “Ако е луд-не буди му друг!”.
За новогодишниот празничен викенд, во Охрид, имаше барем 2.000 Срби и Црногорци. Фотографијата, што ја приложувам, е од паркингот резервиран само за нивните, барем триесетина, автобуси. И уште стотици и стоици коли од Белград, Ниш, Лесковац, од каде не!? И никому влакно не му фалеше, се мина без ниту една забелешка, а камоли инцидент. Задоволни и угостителите и нивните “први трошаџии!”.
“Ма пусти будалу”, ми вели еден нишлија, на забелешката дека Дачиќ даде непримерена изјава за Македонија и Македонците. Ама, тој веќе самиот за себе, си кажа дека е будала! “Ондак, још пола му се додаје!” – вели нишлијата.
На ова би ја додал анегдотата, на драгиот пријател и уште посакан автор, писателот Петре М. Андреевски. Во “српското”, ни прикажува Петре во ресторанот кај Јолета (Клубот на писателите), дошол нов учител во началството во Битола.Му кажале дека сите училишта во градот и селата се пополнети, останале уште две во демирхисарско: Мало и Големо Илино. “Кад веќ могу да бирам, ондак ќу одабрати Велико Илино!”. Го пуштиле таму, тоа уште помало и од Мало Илино. Уште и многу повисоко во планината, мегу орлите!?
Сепак, Дачиќ не е толку будала како се себепрогласува! .Бил студент-првенец, уште и прв ученик и наследник на вождот, Милошевиќ. Тој знае дека признавањето на Косово (од страна на Македонците) е многу помал ерес, од неговото предавање (од страна на Србите), уште со чинот на повлекувањето на војските.Тој знае дека македонската етничка мапа е таква што непризнавањето, лесно може да значи и војна.Првин овде – кај нас, после дома – кај него!
Македонците немаат никаква вина што Косово, де факто, постои само во Уставот на Србија, иако, што се однесува до нивните косовски задужбини и кулурни вредности, не сметам дека потегот на македонската дипломатија, со гласањето за влегувањето на Косово во УНЕСКО, беше паметен и рационален. Со една воздржаност, можеа да бидат и “овците на број и волкот сит”!!!!