Да се знае – кое маало, мрсно јало! (Пред полноќ, по полноќ, каде да си – вечерва, на улица “130” да си!)
Во населбата “Радојца Новичич”,позната и како “Кај Црногорцине”, после неколкудневни подготовки, почна прославувањето на Стара Нова Година – Валисица, откако василичарите го запалија огинот.
По традиција, младите, но и постарите од оваа населба, се собираат на улицата “130”, на местото каде некогаш постоеше мала работилница за производство и печење цигли.
Маалското собирање во оваа населба отсекогаш го привлекуивало вниманието на охриѓани. Затоа и подготовките траат долго.
Најнапред се чисти теренот, се поставуваат маси, големи чадори, во случај на дожд и снег, забавата да не биде попречувана и да трае до долго во ноќта.
Годинава, подготовките значеа и набавка на триесетинха килограми месо и колбаси, два кубни метри огревно дрво, пиво, вино и се останато за добра забава.
Денеска се подготвуваа скарите – вкупно 3, а месо и колбаси ќе се пече и директно на огинот.
Пред полноќ, по полноќ, каде да си – вечерва на улица “130” да си, е мотото на василичарите.
Нека им е за многу години!