Делегација на МСУ “Г.Р.Державин“ во посета на универзитетот во Велико Трниово
Свети Николе, 02.10.2017
Делегација на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во моментов е во посета на партнерскиот универзитет од Велико Трново. Посетата е во рамките на свеченостите по повод почетокот на новата академска година.

Делегацијата беше примена од ректорот, проф. д-р Христо Бонджолов. Отворањето на 55-тата учебна година на Великотрновскиот универзитет започна со обраќање на ректорот, проф. д-р Христо Бонджолов пред новите 2666 студенти.

Во рамки на свеченоста, помеѓу другите гости и професори на студентите се обрати и претседателот на Управен Одбор на МСУ проф. д-р Јордан Ѓорчев кој на бруцошите им го честита почетокот на новата академската година. На свеченоста присуствуваше и делегација од Тверскиот државен универзитет од Твер, Русија.
(м.г)