Делчево, 06.08.2018
„Да ја поддржиме приказната на Делчево“. Под овој инвентивен наслов утре навечер, во 19 часот, во општинскиот центар под планината Голак, во рамките на бизнис форумот, ќе бидат претставени можностите за развој и инвестиции кои ги нуди Делчево.
„На бизнис –форумот најавено е присуство на над 120 учесници. Потврдено е учество на наши пријатели од општините со кои сме збратимени и претставници од бизнис-секторот од овие општини (Рача-Република Србија, Борнова- Република Турција), потоа наши соработници од земјава и странство, претставници на бизнис-секторот, наши иселени, институции“, информира градоначалникот Горан Трајковски
Целта на бизнис-форумот е да се видат перспективите за развој на Општина Делчево, да се слушнат предлозите од бизнис-секторот и нивните идеи со кои можат да се дореализираат започнатите проекти како и да се создадат нови. –„Ние сакаме секој да се чувствува корисен и да придонесе во развојот на Делчево“, вели таткото на градот.
Бизнис-форумот ќе се одржи утре во ресторанот „Либеро“ во Делчево со почеток во 19 часот.
Во прилог ви ја донесуваме агендата на настанот под исклучително убавиот наслов „Да ја поддржиме приказната на Делчево“
Ресторан „Либеро“, 07.08.2018, 19 ч.
18,30 ч.-19,00 ч.- Регистрација на учесници;
19,00 ч.- 19,15 ч.- Обраќање на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски;
19,15 ч.- 19,30 ч. Делчево низ историјата и вредности на општина Делчево
19,30 ч.-19,45 ч. -Презентација на Општина Делчево;
- Проекти кои се во тек на реализација и планирани проектни активности;
- Можности за развој на бизниси во општина Делчево;
- Можности кои ги нуди Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој;
- Можности во делот на образованието – Национална агенција за европски образовни програми и мобилност;
19,45 ч.-20,00 ч.-Претставување на присутните компании
20,00 ч.-21,00 ч Дебата „Идеи за развој на Делчево“ – Билатерални средби
21,00 ч. – Коктел и продолжение на билатералните средби
22,00 ч. Концерт на летната сцена пред Спомен-дом АСНОМ