Догодина 5.000 полски туристи ќе летуваат во Македонија

Охрид, 07. 2016

Претставници на  Здружението ХОТАМ и на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, на работна средби во Катовице, договорија чартер лет од овој полски град до Охрид, во наредната туристичка сезона.

Зад аранжманот стои најголемиот полскиот тур оператор Рего-Бис, со 25 годишно искуство и организирање на туристички аранжмани за Шпанија, Грција, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Албанија.

Компанијата Рего-Бис ќе донесе најмалку 5000 туристи кои ќе слетуваат на охридскиот аеродром со авиони од типот Ербас 320, со капацитет од 220 седишта. Охрид е особено привлечна дестинација за туристите од Полска, кои и досега масовно доагаа со автобусиилесни возила.Ќе бидат застапени и кружни повеќедневни посети со комбинација и на други соседни земји, со автобуси со капацитет од 80 лица.

-Во  Катовице, пред околу 150 туристички агенции,  хотелиери и партнери од Скопје, Охрид и Струга,одржавме презентација, на нашите услуги организирана во амбиент со традиционална македонска музика, а имаше за цел да ја претстави македонската туристичка понуда како атрактивна балканска и европска туристичка дестинација- вели сопственикот на Фибула Травел Асим Меџедовиќ.

Тур операторот Рего-Бис на полските туристи ќе им понуди 7 и 14 дневни пакет аранжмани, а ќе се воведат и чартер автобуски линии со 9 дневни аранжмани. Во понудата се реномирани хотели на Охридско-струшката ривиера, хотелскиот комплекс Метропол, Белви и Турист, хотел Изгрев Спа и Аквапарк, хотелите Десарет, Филип, Лаки и Спа.

– Покрај Охрид, правиме промоција и напори за вклучување и на други македонски туристички дестинации во програмите на полските тур оператори, кои би можеле да бидат интересни за полските гости, а во соработка со македонските тур оператори. Ќе бидеме и домаќини на полски претставници на медиумите кои ќе го шират убавиот глас за Македонија во Полска – вели Горица Атанасова-Ѓоревска, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија. (с.б.)

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе