Д-р САШКО НИКОЛОВ: Развивање на секој дел од Штип

Штип, 02.12.2020

Кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ и коалицијата, д-р Сашко Николов, денес одново и се обрати на штипската јавност.

-Штип е нашиот заеднички дом кој заслужува да биде развиен, модерен, европски и безбеден град кој ќе нуди еднакви можности за сите. Како иден градоначалник на општина Штип посветено ќе работам во насока на  развивање на секој дел од градот, решавајќи ги клучните проблеми со кои се соочуваат моите сограѓани, рече Николов.

И додаде:

Пред нас е можноста да продолжиме да инвестираме во капитални инфраструктурни проекти кои се важни за развојот на Штип. Градиме по план согласно потребите и барањата на граѓаните! Следните 10 месеци ќе ги посветиме на реконструкција на неколку главни сообраќајници во градот и тоа:

-Реконструкција на крстосницата помеѓу улицата „Сремски фронт“ и улицата „Борис Крајгер“. Оваа крастосница врши поврзување на една од најголемите населби во Штип, населбата Сењак, со останатите делови од градот и е една од најфрекфентните сообраќајници, но воедно и една од најризичните. Во реконструкцијата на оваа крстосница ќе бидат вложени близу 14 милиони денари.

-Реконструкција на улицата „Панче Караѓозов“.Проширувањето на оваа улица  ќе овозможи непречено движење на возилата во двата правци  што значајно ќе го намали сообраќајниот метеж, а воедно ќе се реконструираат и тротоарите со што ќе биде загарантирана  безбедноста на пешаците.  Вредноста на овој проект е 13 милиони денари.

-Реконструкција на улиците  Солидарност, Браќа Даневи, Петти Конгрес и како и дел од булевар Партизанска.

-Во изминатите 3 години  покажавме и докажавме дека градиме по план и инвестираме во иднината на нашите сограѓани. Изградивме и реконструитавме над 55 улици  во должина од околу 17 километри и  над 13 000 метри квадратни пешачки површини.

Почитувани,

Го градиме Штип за денес и утре!

Покажавме дека знаеме и дека можеме.

Затоа Штип е и ќе биде  во сигурни раце, порача д-р Сашко Николов.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе