Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува кредит до 2,5 милиони евра на Комерцијална банка АД Скопје за натамошно кредитирање на локалните бизниси, за инвестиции во надградба на производните капацитети и усогласување со Директивите на ЕУ во областа на заштита на животната средина, безбедноста на работниците, и квалитет и безбедност на производите, информираат од таму.
На тој начин, како што се вели во соопштението, ќе се придонесе за поттикнување на конкурентноста на локалните мали и средни претпријатија (МСП) во Северна Македонија.
„Покрај кредитирањето, МСП ќе имаат бенефит од персонализираната техничката помош и од поддршката на ресурсите од услугите да-се-знае-како, се во насока на поддршка и имплементација на проектите, како и од доделувањето грант до 15 отсто од вредноста на вкупната сума на кредитот, по успешно завршување на проектот. Техничката помош и грантовите се финансирани преку ЕУ Програмата за Западен Балкан за развој и иновација на претпријатијата (European Union Western Balkan Enterprise Development and Innovation Facility – WB EDIF),“ се вели во соопштението.
Анди Аранитаси, претставник за ЕБОР за Северна Македонија вели дека оваа програма им нуди на локалните МСП поддршка во достигнување на ЕУ стандардите во три клучни области: заштита на човековата околина, здравство и безбедност, и квалитет на производот.
„Новото финансирање значително ќе го олесни пристапот до многу потребното финансирање на малите бизниси, кои се клуч за економско заздравување во овие времиња на предизвици, правејќи ги бизнисите поконкурентни и отпорни, овозможувајќи им подобро интегрирање во регионалните и европските ланци на вредности,” вели Аранитаси.
Евроaмбасадорот Дејвид Гир ги охрабрува партнерите од Западен Балкан 6, да ги искористат можностите на Заедничкиот регионален пазар, и да работат кон овие цели.
ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над 2 милијарди евра преку 140 проекти во земјата. Банката се фокусира на проширување на локалниот приватен сектор, промовирање на регионалната и меѓународната интеграција и одржливо користење на ресурсите во земјата.
На Комерцијална банка АД Скопје во 2018 година и беше одобрен кредит од 5 милиони евра од ЕБОР, Програмата за Западен Балкан за поддршка на конкурентноста на МСП, програма поддржана од средства од Европската Унија (ЕУ).
„Ова финансирање успешно се имплементира и во ова време на пандемија со корона вирус, кога новите средства се повеќе од било кога потребни,“ се додава во соопштението.