Охрид, 5. Август 2019
– Пред преполн Антички театар, во магична атмосфера, големите виртуози на гитара Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, приредија прекрасен роденденски концерт за 59-тото издание на фестивалот „Охридско лето“.
Секогаш, кога е прашање Влатко, македонската гитаристичка легенда, ќе има публика на претек во Охрид.Така беше и минатото лето, кога настапи со Биља Крстиќ, така ќе биде и сите наредни лета.
Тоа го можат само великаните: Влатко Стефановски – музичка магија пред неколку илјади присутни на Антички театар.
Но, и Ватко Стефаноски – загрижен граѓанин: Чувајте ми го “Охридско лето” ! Oд што? Веројатно од провинцијализам!
Чувајте ми го Охрид! Од Што? Веројатно од здружената градежно-политичка мафија!
Чувајте ми го Охридското Езеро? Од кого? Веројатно од ништожниците кои почнаа и со авлии да го заграбуваат езерото, за да постигнат повисока продажна цена на становите за пазар, изникнати на местото на хотелите – симболи на охридското и македонското угостителство и туризам!
Влатко, не заборави да повика на разум за спас, како што не заборави и Александар Попоски, на свеченото отворање на “Охридско лето”, кога, исто така, пред илјадници присутни во Антички театар, во лице им кажа на Премиерот, Претседателот, министрите и градоначалниците: Јас ќе велам Диво месо (цитарјќи го Горан Стефановски), а вие слушајте ДИВА ГРАДБА!!!
Дали е ова политизација на фестивалот. Ниту случајно. Ова е само крик, повеќе од глас, за охридски спас.
Публиката што ја имаше од сите генерации, уживаше во беспрекорната изведба на двајцата уметници со светско реноме, а пеејќи ги песните што се изведуваа, ги наградуваше Стефановски и Тадиќ и со бурни аплаузи.
Публиката, можеби најгромогласно, го поздрави апелот на Влатко, откако тој ја отсвири “Ајде дали знаеш паметиш Милице”, како што нагласи, песна со охридски шмек, заедно со бисерната “Бог да ги бие Дебрани” на легендарниот Кирил Манчески, како бис-изведби.
Поубликата не им даваше така лесно да си заминат!
Како специојално изнеадување, Влатко од САД ја донесе и ја претстави извонредната виолинистка Ивет.
Посетителите на Античкиот театар уживаа во извонредните интерпретации на Македонско девојче, Касапско оро, Ајде дали знаеш дали паметиш Милице, Бог да ги бие Дебрани, Јовано Јованке, и многу други по кои Влатко ќе остане запаметен како одличен изведувач.
Посакувајќи му на фестивалот уште многу години успешна работа, Влатко Стефановски кој растел следејќи го, а потоа и учествувајќи како уметник на фестивалот, рече дека „Охридско лето“ е фестивал којшто треба да биде пример за сите останати фестивали.
-Огромна е честа да се биде дел од одбележувањето 59 години од еден голем фестивал како што е „Охридско лето“ кој може да биде ментор и учител на многу други фестивали во регионот и во светот. Тоа што настапувам во Охрид е секогаш одново и одново и предизвик, и задоволство, и привилегија, рече Стефановски.
Музичката одисеја на Влатко Стефановски со Мирослав Тадиќ трае 22 години, откако за прв пат се сретнале во Крушево на Тоше Проевски.
Не музицираат често но секој нивни концерт е ексклузива за публиката.
-Постои некоја резонанца над нас која е на несвесно ниво и музиката само ја пуштаме да тече, а ние сме тука само двајца работници кои и дозволуваат на таа музика да дојде од некаде, да помине низ нас и да продолжи, додаде Стефановски.
Амбиентот во којшто се одржа концертот соодветствуваше на одбележувањето на роденденот на нашата најголемата музичко –сценска манифестација која догодина ќе го одбележи и јубилејот, шест децении од постоењето.
Веле Митаноски