Започна јавниот превоз на патници во Кочани

Кочани, 07.11.2018

 Деновиве во Кочани започна да функционира општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општината. Превозот се реализира на релацијата од селото Оризари – Усова чешма – Бавчалук – спој на улиците „Бел камен“ со „Страшо Ербапче“ до Лесна индустрија. Транспортот на патници го врши компанијата „Тасим“ од Оризари со четири поаѓања дневно од понеделник до сабота, согласно одобрениот и регистриран возен ред.

КОЧАНИ ПРЕВОЗСпоред Гоце Тодев, сопственик на „Тасим“ првиот ден во вршење на оваа дејност поминал во најдобар ред, а линијата ја користеле повеќе од стотина патници.

Патниците плаќаат само 10 денари, односно половина од вкупната сума,  додека другата половина ја субвенционира Општина Кочани

Патниците плаќаат само 10 денари или 50 проценти од вкупната сума,  додека другата половина ја субвенционира Општина Кочани. Цената за оваа услуга е утврдена со одлука на Советот на Општина Кочани.

Прекинот во вршењето на општинскиот линиски превоз настана откако претходниот превозник, „Авто атом“, од 1 август 2018 година престана да извршува сообраќај со образложение дека релацијата се покажала непрофитибилна и неисплатлива за натамошно работење. Изборот на „Тасим компанија“ дојде по две неуспешно реализирани јавни набавки.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе