Штип, 16.12.2016
Бриократски институции, десеттина вработени во нив, се добитници на годинашното признание – „Свети Никола“ кое од 2009 година се доделува на 19 декември, на верскиот празник „Свети Никола“.
Градоначалникот кој единствено одлучува на кого ќе му бидат доделени признанијата, оценил дека бирократијата најмногу придонесувала за угледот на градот.
Имено,меѓу добитниците на признанието е и Билјана Вуковиќ, директорка на Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој. Рамо до рамо со неа е и директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов. Захариев со призание ја закити и Агенцијата за млади и спорт и директорот на оваа државна агенција Марјан Спасески.
Тоа се државни агенции и државни службеници/раководители од Скопје.
Но , Илчо се погрижил и за општиската бирократија да не биде покусо од скопската. Па така, ова признание го доделил на тројца вработени од одделението за јавни набавки во Штип. Тоа се Кире Јорданов, Александра Ангеловска и Никола Опашинов.
Има и други наградени, кои се во помал број од бирократите.
Одлично е тоа што највисокото признание, орденот „Свети Никола“ го добива нашиот истакнат, прв македонски кардиохирург Жан Митрев, роден штипјанец, кој, според нашите оценки, орденот требаше да го добие уште во 2009 година, зашто неговото дело е бесценето во однос на здравјето на луѓето.
.