Според првичните, но не конечни резултати, ВМРО-ДПМНЕ освоила -51 пратеничко место, СДСМ – 49 мандати, ДУИ – 10, движењето Беса – 5, Алијанса на Албанците – 3 и ДПА -2 мандати.
Дури ниту во најкошмарните соништа, Груевски не можел да предвиди ваква разврска. Како и да го врти,како и да го сучи шилото, сега главата му е во торбата на Али Ахмети, а судбината му зависи од “Индијанците”,како што неговите најверни слуги, милуваа да ги етикетираат Албанците.
Како и да е клучот за неговата политичка иднина и животна судбина, повеќе, не е во неговите раце. Може лесно да се случи, десетата победа, да му биде конечниот пораз!
Чудни се патиштата божји! “Да се биде, или не!”.
Дојде моментот, Ахмети конечно да се одлучи помегу “Калето” и “Илинденска”, помегу “Тендербег” и Скендербег, помегу каква-таква политичка иднина, или збогување со политиката!
Тачи, даде беса дека неговите два гласа се за “Беса”.
“Беса”, не би била “Беса” ако не си стои на зборот дека со Никола нема дружба, за комшијата Села, речиси, сум сигурен дека “Калето” му е ориентир број 1.
Нема, друго, освен Али Ахмети, да даде беса дека ќе се пресели во Собранието,каде и дење и ноќе ќе дежура на кворумското 61-прво столче, што е малку веријатно!
“Да се биде, или не”, прашање е сега!
Фејсбук статус на Веле Митаноски