ИДЕЕН АРХИТЕКТОНСКО-УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ И АНАЛИЗА НА АРХИТЕКТОНСКО УРБАНИСТИЧКИ ПАРАМЕТРИ “Спортско рекреативен центар – Суитлак”
1.ОПШТО
По барање на “Општина Штип” изработен е Идеен архитектонско урбанистички проект на површини за урбанистичка парцела во нас. Суитлак со основна класа на намена Д3 – Спорт и рекреација.
Според Идејниот архитектонско урбанистички проектпредвидени се неколку дополнителни содржини во парцелата и тоа:
- Фудбалско игралиште 105/68м1 – 109/72м1 со заштитна зона
- Фудбалско игралиште за тренинг 55/37м1 – 61/43м1 со заштитна зона
- Помошни протории за игралишта ( соблекувални ) 161,700m2
- Теретана 120m2
- Спа центар 332.80m2
- Соблекувални за посетители 118m2
- Ресторан 315m2
Според Изводот од ДУП урбанистичката парцела е со основна намена Д3 – Спорт и рекреација, со дозволена висина од 12,5м1 и со определена катност П+2+ПК.
- ЛОКАЦИЈА
Според барањата на инвеститорот направена е нова анализа на просторот која ја надополнува постоечката ситуација на теренот.
Дополнувањето на проектната документација односно Идејниот архитектонско урбанистички проектза урбанистичката парцела која се наоѓа во нас. Суитлаксе направени во согласност со основната намена и нејзините компатибилни класи на намена кои можат да се предвидат. Како постоечка површина на оваа урбанистичка парцела е постојното фудбалско игралиште со димензии 115м1 / 75м1 и постојните помошни простории ( соблекувални ) за истото со површина од 97м2.
Како компатибилни класи на намена и нивниот процент на учество во однос на основната класа на намена на парцелата Д3 – Спорт и рекреација се следниве:
А4 – Времено сместување20%
Б1 – Мали комерцијални и деловни намени10%
Б2 – Големи трговски единици30%
Б3 – Големи уостителски објекти10%
Б4 – Деловни простории10%
Б5 – Хотелски комплекси20%
Б6 –Градби за собири 30%
В3 – Култура 20%
Максималниот дозволен процент (%) на учество на збирот на компатибилни класи на намена во однос на основната класа на намена во планот изнесува 40%.
Урбанистички параметри за градежната парцела според ДУП:
-Големина на парцелата: 64004 м2
-Површина за градење: 50691,6 м2
Во локацијата е предвидено дислокација на канализациона цевка со вкупна должина од 113,20м’.
3.СООБРАЌАЈ, ПАРКИНЗИ И ПЕШАЧКИ ПРИОДИ
Според Идејниот архитектонско урбанистички проект на просторот предвиден е паркинг простор на источната страна од парцелата кој го задоволува потребниот број на паркинг места утврден со Правилникот за стандардите и нормативите за урбанистичко планирање според кој се предвидува по 1 паркинг место на 10 посетители, 1 паркинг место на 3 вработени и 1 паркинг место за инвалиди на 20 паркинг места.
Капацитетот на посетители изнесува 650 лица, за кои се потребни 65 паркинг места, 4 паркинг места за инвалиди и 6 паркинг места за вработени. Вкупно потребни се 75 паркинг места, а во Идејниот архитектонско урбанистички проект се предвидени 93 паркинг места.
Од кои 78 паркинг места се предвидени на паркингот позициониран на источната страна веднаш до теренот за фудбал. Едно паркинг место е предвидено за товарно возило за достава до ресторантската кујна.
14 паркинг места се овозможени од северната страна односно предната страна на парцелата, за лесен и директен пристап до влезот на објектот.
Предвидена е изработка на сообраќајници во парцелата две како пристапни улици до објектите. Двете улици се со ширина од 6,0м.Едната е позиционирана на северната страна од парцелата, а другата е позициониранана источната страна на парцелата со пристап од северната страна, на истата е организирано паркирање со капацитет од 78 паркинг места.Вкупната површина на овие две сообраќајници2 482м2.
Околу терените за фудбал, околу објектот и покрај сообраќајниците се предвидени пешачки приоди од сите страни со ширина од 1.10-4м и вкупната површина која ја заземаат изнесува 2 200м2.
4.СОДРЖИНА НА АРХИТЕКТОНСКО УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ
Теретана – Основна класа на намена Д3 120м2
Според определената квадратура теретаната е предвидена за 40 лица.
- Игралишта– Основна класа на наменаД3 ( Постоечко игралиште 115/75м1 -8969м2, Новопредвидено игралиште 109/72м1 – 7848м2 и новопредвидено игралиште за тренинг 61/43м1 – 2623м2. Вкупна површина на игралишта : 19440м2. Дополнително се предвидуваат и соблекувални за игралиштата со површина од 161,700м2.
- Спа центар -Основна класа на намена Б5 120м2.
Дополнително се предвидуваат и соблекувални за спа центарот со површина од 118,00м2
Според определената квадратура спацентарот е предвиден за 75 лица.
- Хотелски комплекс со ресторан– Компатибилна класа на намена Б5
(Приземје: 315м2 ресторан + 175м2 помошни простории)
Хотелскиот комплекс со ресторанот се предвидува во непосредна близина на теретаната и спа центарот, тој спаѓа како дел од компатибилната класа на намена Б5 – Хотелски комплекс кој има можност за 20% учество во однос на основната класа на намена. Ресторантскиот дел се предвидува на приземјето од хотелот и површината која ја зафаќа изнесува 315м2 ресторан и 175м2 за помошни простории за истиот. Вкупната квадратура која може да припадне на оваа компатибилна класа според правилникот изнесува 4140м2.
Вкупната квадратура која се предвидува со основната класа на намена Д3- Спорт и рекреација изнесува 20700м2 и тоа:
- Теретана
- Игралишта
Од ова произлегува дека како компатибилни класи на намена може да имаме 40% , односно 8280м2.
Вкупниот број на вработени потребен за работа на сите содржини предвидени во архитектонско урбанистичкиот проект изнесува ___ и тоа:
- Спа центар
- Теретана
- Игралишта
- Хотелски комплекс со ресторан