Охрид, 12 август
Во “Куќа на Уранија”( зграда на МАНУ), во Охрид, во рамките на Научната и уметничка визита – Охрид 2018, промвиран е најновиот -13. роман на Луан Старова, „Полифонисти” .
По тој повод, академиците Луан Старова и Васил С. Толе (секретар на Албанската академија на науките и уметносите), одржаа заедничко предавање : „Полифонија и Полифонисти“, а се однесува на регистрацијата на изополифонијата на списокот на УНЕСКО на нематеријалното наследство и на романот „Полифонисти“.
Академик Васил Толе е познат музиколог во сеседна Албанија, на кого преокупација му е заштитата на музичкото наследство. Од таму идејата Старова и Толе, да ги спојат мелодијата и зборот, зборот како мајчинство и татковство, ем во смкисла на Блаже Конески: јазикот ни е последната татковина, ем во смисла на Мајка и Татко – столбовите во творештвото на Старова.
Музичкиот порив и меморија, од душата на човекот, не можат да ја избришат ниту победниците во војната, додека поразените ја пишуваат историјата. Таа се носи со себе и во егзил – една од носечките теми во создавањето на Луан Старова.
– “Животот во егзил, најчесто се одвива под знакот на бегалската судбина. Никогаш не стигнувате на вистинскоито место и во вистионско време! Балканците живеат во егзил во однос на Европа, но и во однос на самите кон себе!”, вели Старова.
Тоа е тема и најновиот роман на Луан Старова “Полифонисти”. Објавен е интегрално на сајтот на МАНУ, додека во рака можевме да го почувствуваме деновиве во Охрид, после предавањето : „Полифонија и Полифонисти“.
– “Таков е мојот роман. Полифоното пеење е најстариот облик на вокално-музичко изразување на Албанците.Класичното полифоно пеење обично беше двогласно и трогласно, го негуваа старите медитерански народи, во прв ред, Корзиканците, старите Грци, но и други. Албанците се, можеби, единствени во светот, кои практикуваат четиригласно полифоно пеење. И семејството од мојата Балканска сага, оваа пеење, како химна, го носи во својот егзил” – вели академик Старова, писателот кој себе си се претставува како Албанец-Македонец.
Луан Старова е жив пример на мостови и патеки, патокази за двострано движење. Затоа кај него, многу е близок односот помегу литературата и реалниот живот, фикцијата и фактографијата. Последниот роман “Полифонија” и неговата Балканска сага, прикажуваат живот на едно семејство во текот на еден век, истовремено и колективаната вековна меморија.
Луан Старова е еден од ретките кој мисли и пишува на албански, стравувајќи да не го загрози мислењето и јазикувањето на македонски, и обратно. За него не постои идеално чиста припадност. “Национално- етничкиот феномен беше генератор на националните книжевности во периодот на создавањерто на државите – нации, посебно во периодот на Преродбата”.
“Мојата балканска литературна сага ( 13 објавени романи) опфаќа период од еден век, дваесеттиот век, живот на едно албанско семејство во егзил (Албанија, Македонија, Грција,Турција) ,додека на тематски план претставува спротвставување на балканскиот реалистичен роман од втората половина на 19.и 20. век”,прецизира Старова.
Веле Митаноски