М.Каменица, 08.07.2020
Кои се придобивките од влезот на нашата држава во НАТО и какви социјални политики спроведува и планира да спроведе во новиот мандат СДСМ и коалицијата „Можеме“ беа предмет на посебен интерес на граѓаните од Делчево и Македонска Каменица на средбата со Илија Николовски, кандидат за пратеник од третата изборна единица, претседател на Партијата на пензионери-коалиционен партнер на СДСМ.
-Во однос на социјалните политики можам да кажам дека Владата на СДСМ и коалицијата го реши статусот на 12.000 стечајци кои материјално се обезбедени со по 8.000 денари до пенионирање. Студентите добија субвенциониран оброк од по 120 денари дневно, пензионерите добија зголемување на пензиите од 1 јануари годинава за 722 денари, вработените во центрите за социјална работа добија историско зголемувањње на платите од по 4.363 денари, зголемена е минималната плата, остварен е раст на платите во приватниот сектор, воведен е младински додаток на плата од по 3.000 денари за млади до 23 години, а реализирани се и многу други нешта во сферата на социјалната политика, рече Николовски.
Тој порача дека во наредниот мандат заложба на Партијата на пензионери ќе биде креирање политики со кои пензиите ќе се усогласуваат во економско социјално балансиран однос на минималната пензиа со минималната плата и порастот на трошоците на живот со цел остварување на просечна пензија минимум 60 проценти од просечната плата, а гарантираната пензија да биде минимум 70 проценти од минималната плата.