Штип 21.11.2017
Советот на Источниот плански регион доби нов претседател. Тоа е Никочо Илијев, градоначалник на Кочани. Едногласниот избор го направија градоначалниците на 11 општини колку што ги има регионот на денешната конститутивна седница. Илијев на оваа важна регионална функција ќе остане најмалку во наредните две години.
-Оваа доверба ја сметам само како нова, голема обврска пред граѓаните на нашиот плански регион. Знам дека очекувањата на граѓаните од нас градоначалниците се големи, и тоа е во ред зашто тие убедлиов ни ја дадоа довербата да раководдиме со општините и регионот . Јас и моите колеги ќе настојуваме да ги исполниме сите ветувања дадени во предизборниот период, за што е неопходно најголемо ниво на меѓусебна регионална соработка, рече Илијев.
ИЛИЈЕВ: Знам дека очекувањата на граѓаните од нас градоначалниците се големи, а тоа е во ред, зашто нашиот регион е еден од најнеразвиените што придонесува тој да се испуствува бидејќи младите се иселуваат…
Тој уште порача дека ќе биде прв меѓу еднаквите, кој посветено ќе се бори за секој проект и негова реализација, за секоја идеја која ќе допринесе за подобар живот и развој на истокот, кој, според Илијев, подолго време бил запоставен што придонело за масовно иселување главно на младите од родните огништа,.
На конститутивната седница присуствуваше и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски. Тој најави поголеми средства во буџетот за 2018 кои ќе бидат ставени во функција на развојот на општините и на
– Законот за рамномерен регионален развој предвидува издвојување на еден процент од БДП односно околу стотина милиони евра. Најмногу пари ќе добијат најнеразвиените региони, рече Павлевски.
Градоначалниците се договорија по истекот на мандатот на Илијев, ова функција да ја превземе штипскиот градоначалник Благој Бочварски. – Како градоначалник на најголемата општина во регионот силно ќе се залагам за поголем развој, носење и реализација на проекти кои ќе го поттикнат развојот на недоволно развиениот Источен плански регион, вети Бочварски.