Кочани, 09.01.2019
Општина Кочани во соработка со Сојузот на спортови – Кочани и Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2018 година.
На манифестацијата ќе бидат избрани најдобриот спортист за 2018 година, најдобар млад надежен спортист, најдобра екипа, најдобар тренер и спортски работник.
Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани во општина Кочани, а секој кандидат требa да поднесе и копија од клупската легитимација.
При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места – од турнир, државни и меѓународни натпревари.
Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт со телефонски број.
Рокот за пријавување е до 21 јануари 2019 година, а документите треба да се достават до Одделението за јавни дејности преку едношалтерската канцеларија во Општина Кочани.