Кина, 23.05.2021
Најмалку 21 лице го загубија животот од последици од ненадејно, екстремно студено време, за време на ултрамаратон што се одржа во кинеската провинција Гансу, јавија денеска државните медиуми на земјата, јавува Независен весник.
Трката почнала вчера наутро од туристичкиот центар на брегот на Жолтата река, а за време на патеката долга 100 километри, натпреварувачите морале да поминат низ длабоките кањони и преку ридови до платото, на надморска височина поголема од илјада метри.
Во текот на попладневните часови, кога маратонците стигнале до планинската делница од трасата, дошло до ненадејна појава на град, леден дожд и силен ветер, што довело до ненадеен и голем пад на температурата, соопштија локалните власти.
Во тек е опсежна операција за спасување на тркачите во маратонот на кој учествувале 1.200 спасувачи, а се употребени и беспилотни летала и радар за откривање.