(Или: Колкава е разликата (во милиметри) мегу мекотелните Климовци и климоглавците!?)
Кога еден поранешен претседател на Собранието, ќе плукне по лебот што таму го вадел за себе и за семејството, тогаш мора некому да му догорело до нокти!? Јас го разбирам Љубиша, тој враќа долгови за минатото. Ама, по се изгледа, потешка е улогата (позицијата) на професорот д-р Саво Климоски. Колку што јас можам да “прочитам” тој е растргнат мегу минатото и иднината! Можеби не негова лично, зашто биолошкиот часовник ни отчукува – колку нему, толку и мене, но човекот одработува, здружно и здушно – семејно, за своето синче, кое не се симнува од програмата на ТВ Нова, бранејќи го неодбранливото, докажувајќи го недокажливото, оправдувајќи го казнивото!
Србите имаат една досетка за трансформацијата на Савле и Павле, мегутоа јас мислам дека, кај нашиот Савле, (професорот Фрчовски би рекол: “Сиша Сава са космоса”!?), нема никаква трансформација. Тој најверојатно бил, она што беше и синоќа. Должник кој некому одработува, сега во името на антикомунистите, а нели, од комунистите се полоши- уште само антикомунистите! Не ги мереше, туку така Саво, метрите измегу “народот” и полицискиот кордон, односно влезот во Собранието. Со други зборови, не навестуваше тој туку така, поход на “народот” кој “судбината ќе си ја земе во свои раце!”.
Саво вели дека се тоа дваесетина метри. Јас пак мислам дека нема ниту милиметар измегу Павле и Савле, во нашата верзија! Савле од комунизмот и Савле од антикомунизмот! Немам докази, имам само претпоставки и по некое сеќавање.
Со Саво сум се сретнал, ја еднаш, ја два пати. Едната средба, не по моја желба, беше во возило на релација Охрид Струга. Не ја паметам по заедничките, или опречните становишта, туку по заедничкиот ај не пријател, туку познаник од Охрид. Имињата не се важни, нели, дури се “и одвратни” според старата латинска мудрост, но читателите ќе ги наведам кон една контраверзна личност, која тешко настрада бегајќи од “Ка -Та-Џето” во Бугарија (синоним за тамошната полиција!) која го бркаше се до преминот Кулата на бугарско-грчката граница.Подоцна, како ништо да не било, тогашниот премиер, професорот Кљусев, јавно се исчудуваше како таа личност, “се меткала пред него зад него”, за време на официјалната посета на Софија, а тој за тоа ништо не знаел!?
Та личност, во комунизмот беше претставник на една градежна фирма во Прага, заедно со поранешниот министер за внатрешни работи Јордан Мијалков, кој пак таму претставуваше друга државна фирма. Дали и двајцата, или само едниот, во Прага претставуваa и некоја друга југословенска “фирма”, јас не знам, ниту можам да тврдам дека пријателот на Мијалков бил пријател и на Саво! Ама, од синоќа имам основи на сомневање дека нашиот Савле, е во голем зорзомат, во големо зорле, затоа што мора да одработува и за минатото и за иднината! Разбира се дека погодувате-за кого!?
Толку за Саво. Синчето не му го знам, незнам во што е “проектиран” со “новите избори” на ВМРО ДПМНЕ, ама знам дека е “долга раката на партијата”, односно ветувањата не само што ги исполнува туку у гио надградува, а за што потврда се зачестените престои (мајтапчиите велат дека од таму и не излегувал!) во националната телевбизија НОВА, која, “ако је судити” по името, треба да внесе нови стандарди во македонското новинарство. И веќе ги “внесува”. Со спотот за избеганиот (на службен пат!) газда (или само параван од газда!), на кому толку му е “чист задникот”, што го преместил од другата страна на границата. Со подвижното студио-автобус, на кој се вози и се убедува и нас неуспешно да “не вози”, професорката Каракамишева, со дружбата заедно со Кочан-багеристите преде СЈО!
На багеристите,можеби, им личи. Ама на Каракамишева и на новинарите, што би требало да ни бидат колеги, ама воопшто не им личи, бранејќи го газдата да застанат во одбрана на криминалот, макар тој, СЕГА ЗАСЕГА, не е докажан. Новинарите мораат да знаат дека телевизијата на Кочан (или на неки други кочанки!) е приватна само со капиталот, со зградата, можеби и со платата што СЕГА ЗАСЕГА ја добиваат, а никако по општествената мисија. Во тој дел таа не приватна, туку е од сите- национална, таа заграбува едно општо-национално добро, што се вика фрекфенција и таа има општо-национална мисија.Особено што и концесијата и придавката пред името на телевизија е НАЦИОНАЛНА!.
А кога е национална, тогаш таа не може да биде прибежиште само за Климовски-јуниор, Сотир Костов, Каракамишева, Ачковска и Валето Божиноско и останатата багра од “ноќта на долгите ножеви!” и 20 метарското растојание помегу “народот” и влезната врата во Собранието.Затоа што нацијата е нешто поширок поим, во нацијата има и друг народ и други народи.
А, кога има повеќе народи, тоест различни погледи – не за ланскиот свет, туку за нашето заедничко постоење, или не постоење, тогаш ниту еден медиум, ниту еден новинар, нема право да ги наведува соговорниците (школски пример на сугестивно новинарство!), односно има право на прашање, ама не и на констатација во него. На пример, дека, “ВМРО ДПМНЕ и делувало НЕКАКО МЕКО” и дека “протестите СЕГА ЗАСЕГА се мирни, ама ТРПЕЛИВОСТА ИМА КРАЈ”(!?).
Колешка, од подобрите времиња на македонското новинарство, со право забележа дека телевизиите за жал денес се расадник на суети, а не на информации! Одавна е кажано дека “човечкиот организам е 98 посто вода и два посто суета!” Проблемот, кај некои е, што тие два посто, го упропастуваат “остатокот”!
Требаше да поминат само 24 часа, за Саво да ги изброи во метра колкаво е растојанието од замислениот “200.000-от народ” и собраниската капија! На ограничено способните и не им останува друга алтернатива освен полтронството(!), напиша деновиве еден од помислечките пријатели на социјалните мрежи
Сепак, општо прифатен закон е марфиевиот: “Секој напреадува до границата на својата неспособност“! А ако по некој случај сепак да напредува преку границата на сопствената неспособност, тогаш настануваат Климовци ( а јас додавам – климоглавци!).
Веле Митаноски