КОЧАНИ: Граѓански протест поради загадувањето на воздухот од фабриката за хартија

Кочани, 12.08.2019

Граѓани на Кочани кои живеат во близина на фабриката за хартија „Пејпер мил“ денес организираа протест поради, какош  што рекоа самите загадување на нивната животна средина.

Пртотестот траеше еден час. Присутните рекоа дека тие немале ништо против фабриката да си работи но се против тоа што неколку месеци по ред од фабричкиот оџак се испуштал густ и загушлив дим. Граѓаниет за тоа порано реагирале до надлежните служби на Општина Кочани.

Протестантите го блокираа влезот на компанијата. –„Протестираме бидејќи сме загрижени за здравјето на нашите деца, но и на сите граѓани кои живеат и работат овде. Пред околу две години, кога фабриката почна повторно да работи чадот го немаше, но од пролетта наваму практично се гушиме, не можеме да отвориме прозорец, ниту да излеземе во двор. Пријавивме во Општината со барање да реагира и Државниот инспекторат за животна средина, но до сега нема промени во состојбата, истакна Владимир Крстов кој беше дел од групата граѓани кои протестираа.

Наместо од раководството граѓаните кои протестираа добија информација од обезбедувањето на фабриката дека вработените биле на одмор. Протестот заврши мирно, но со најава дека ако состојбата не се подобри за краток период, следниот пат ќе преземат проигорозни активности и нема да дозволат влез и излез од фабриката.

Од Општина Кочани добивме информација дека тие упатиле неколку барања до компанијата „Пејпар мил“ да достави известување за промената во начинот на работење што влијае врз животната средина. Притоа, добиено е известување дека фабриката поседува А-интегрирана еколошка дозвола, а била направена промена во погонското гориво за добивање водена пареа, односно наместо природен метан, сега се користат дрвени пелети. Од кочанската локална самоуправа упатиле и повеќе писмени известувања и ургенции до Министерството и до Државниот инспекторат за животна средина со барање да се преземат соодветни контроли и мерки за да се отстранат негативните влијанија од промената на горивото во фабричката котларница.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе