КОЧАНИ: „Карпошово востание“ и „АСНОМ“ добиваат асфалт

Кочани, 04.06.2018

Започна асфалтирањето на две локални улици во општина Кочани со вкупна должина од 496,47 метри и тоа три крака на улицата „Карпошово востание“и  крак на локалната улица „АСНОМ“ во Оризари.

Вредноста на Договорот е близу 5,5 милиони денари сo вклучен ДДВ. Од овие пари 4,3 милиони денари се заштеда од реализација на потпроектот „Изградба на 10 улици во општина Кочани“, а средствата во висина од 1.166.129 денари се општинско кофинансирање и ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Кочани за 2018 година.

A002Работите ги изведува Градежното претпријатие „Изгрев инженеринг ДООЕЛ“ од Велес, избрано по спроведената тендерска процедура согласно правилата на Светска банка.

Реализацијата на овој потпроект „Изградба на две улици во општина Кочани“ е според договорот за заем склучен помеѓу Меѓународната банка за обнова и развој и Република Македонија, а во врска со остварување на заштедата при реализација на потпроект „Изградба на 10 улици во општина Кочани“ помеѓу Република Македонија – Министерство за финансии и Општина Кочани, со склучен анекс на договорот за подзаем.

(љ.а.)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе