Кочани, 22.12 2021
На државен натпревар во шах во Скопје, во голема конкуренција на ученички од основните училишта од државата, ученичката Јована Давиткова го освои второто место.
Давиткова е ученичка во осмо одделение во ООУ „Кирил и Методиј“ – Кочани и иако е осмо одделение, зад себе има бројни шаховски награди и успеси. Пред две години беше првак на Државниот напревар во шах за девојчиња.
Честитки за убавиот успех упати и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.