Кочани, 14.12.2021
Денеска во просториите на општинската зграда, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ја оствари првата приемна средба со граѓани на Општина Кочани.
Беа опфатени и дискутирани теми, проблематики и прашања во однос на инфраструктурата, комуналните работи, социјалната сфера и друго.
Ваквите приемни средби ќе се применуваат редовно и во иднина, односно секој вторник од 12 до 14 часот, додека за итни приеми секој работен ден средбите ќе се реализираат во времето од 7:30 до 9:00 часот.
Општина Кочани активно ќе се залага за брзо решавање на сите евидентирани проблеми во заедницата и ќе пружа максимална поддршка за граѓанските интереси.
И.Карова