Кочани си ја врати улицата на Маршалот

Кочани, 29.10.2018

Главната кочанска улица си го враќа старото име – „Маршал Тито“, а името ВМРО кое го доби кога на власт во градот беше сегашната опозија оди во историјата. Така денес одлучија кочанските советници.

Трајче Трендов (десно)
Трајче Трендов (десно)

Горан Антовски, член на Советот од СДСМ и коалицијата, го рече следново: „Одлуката од пред четири години беше израз на еуфоријата на долгогодишното владеење на сите нивоа и со неа тогашната владејачка гарнитура направи обид да брише дел од историјата на Македонија, период поврзан со борба по која македонскиот народ конечно ја оствари вековната желба да добие своја држава, а македонскиот јазик стана еден од трите официјални јазици во тогашната Федерација. Немањето издржано образложение за преименување на улицата која е главна градска артерија, граѓаните никогаш не го заборавија.Во нивно и во наше име, на советничката група на СДСМ и коалицијата, бараме да биде вратено името на улицата „Маршал Тито“.

При гласањето за враќање на поранешното име на улицата, опозициската советничка група ја напушти седницата, што беше оценето како неконструктивност заради избегнување дебата.

Иницијатор за враќање на името е Здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“ кое важи за  најактивно здружение во држават кое го почитува ликот и делото на Маршалот.

– Неправдата мора да биде исправена, затоа што одлуката на тогашното мнозинство во Советот помина без дебата и без да се слушне ставот на граѓаните. Жителите на улицата се уште не ги промениле личните документи на кои како адреса им стои “Маршал Тито“, што јасно го изразува нивниот став по ова прашање, истакна Венко Крстевски, претставникот на младите во Советот на Кочани.

Ова е голема победа пред се на Здружението на граѓани „Јоспи Броз Тито“ од Кочани.

„Кога се менуваше името на улицата бевме единствени кои се спротивставивме на тој чин. Никаде ги немаше ниту од Сојузот на борците во општината, а не реагираа ни други структури. И покрај нашите аргументи зошто името на улицата не треба да се менува, ВМРО ДПМНЕ со своето мнозинство во Советот го смени името на нашата главна улица. Пред оваа седница на Советот одново напишавме писмо со поширока елаборација зашто е неопходно на улицта да и се врати старото име. На членовите на нашето Здружение им е мило што е исправена една голема неправда“, ни изјави Трајчо Трендов, претседтел на ова здружение.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе