Скопје, 03.10.2017
Со жалење ке кажам дека повеќето сфатија но се уште поединци одат со главата на ѕид, но, се поставува прашање,до кога ке тераат така?! Тие што до вчера се фалеа дека многу сториле за Албанците за потоа да кажат дека Албанците претерувале со нивните барања, истите тие денеска се обидуваат да направат раздор меѓу албанските гласачи играјќи на картата “Раздели па владеј” па дури и им се обраќаат на албански јазик за да покажат колку тоа се они подобри македонци. Тоа не го прават во интерес на мнозинството на албанските гласачи ниту пак мислат за сопствената држава туку тоа го прават бидејќи ке им фали минатото од пред 100 и неколку дена,минато кое никогаш не смее да се повтори. Едно нешто ме чуди! Се прашувам како тоа некои луѓе не сакаат или пак,сеуште не разбираат дека “КРВТА ВОДА НЕ БИДУВА” -Каде и да сме тоа не обединува. Да ја искористиме шансава за подобар живот на сите граѓани на Р.Македонија. Историјата не учи за минатото, затоа учете од минатото но мислете на иднината и вашите деца,бидејќи од историја не се живее ниту пак од вреќа брашно. Таму каде сите завршуваме нема место за материјалното богатство туку ке останеме запаметени по нашите дела а изборот е наш.
“ЌЕ БИДЕШ ЧОВЕК ИЛИ НЕ”.
УЧЕТЕ ОД СОПСТВЕНИТЕ ГРЕШКИ И НЕ ГИ ПОВТОРУВАЈТЕ.