Куќа на Уранија – МАНУ во Охрид: Aтрактивниот избор на стари фотографии од германскиот фотограф Курт Хејлишер.
Охрид, 10. Јули 2019
– Во Куќата на Уранија – МАНУ, во Охрид,течат интензивни активности на нашата највисока научна институција – Македонската академија на науките и уметностите.
Синоќа, во рамките на овогодишната Охридската научна и уметничка визита, на публиката и беше приопштен атрактивниот избор од стари фотографии на германскиот автор Курт Хејлишер.
Пред бројната публика, експонатите ги претстави академик Катица Ќулафкова.
-Станува збор за едно специфично патешествие од времето на 1910 – тите, 1920 – тите и 1930 – тите години, во тогашното кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Хејлишер бил во посета на на подрачја од Босна до Македонија.Направил 1200 фотографи од кои самиот Хејлешер избрал 191 фотографија и објаснил дека сака да го покаже атрактивниот различен карактер на земјите, архитектурата и начинот на живот на тогашните Југословени.Направил посебен албум за фотографиите од Македонија, кои, покрај документгарна имаат и уметничка вредност, бидејќи до израз доагаат самите изрази на лицата, но и на носиите и амбиентот – потенцираше академик Ќулафкова.
Хајлишер е автор е на неколку значајни и успешни книги со земјописи, архитектура и фотографии за Италија, Шпанија, Германија.
Поради својата работа бил поканет е во Белград од страна на тогашната власт на кралството СХС (кралство на Србите, Хрватите и Словенците).
Од Охрид, изложбата се сели во Бигорскиот манастир, каде ќе добиа посебна специфика и атрактивност, бидејќи, таму, ќе бидат изложени и оригиналните носии, предмети и други вредности, што можат да се забележат на фотографиите на Хајлишер.
Веле Митаноски