МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА: КИЦ Романса со јавен повик до уметниците

М.Каменица, 07.05.2020

Културно информативниот центар Романса од Македонска Каменица денес упати јавен повик до сите уметници-музичари и актери за учество во проектот „Култура во време на корона во Македонска Каменица“

-Oвој проект го работиме во соработка и со поддршка на Општина Македонска Каменица. Идејата на повикот е пред се поддршка кон музичките уметници, односно уметниците кои ги изгубиле редовните музички настапи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом во време на корона кризата, вели в.д.директорот Горан Огнановски.

Според Огнановски, видовите на проекти се маалски музички изведби – настапи, во времетраење до два часа. Според потребите, дел од музичката опрема за настап ќе биде обезбедена од КИЦ „Романса“ Македонска Каменица.

-Критериумите се слдниве: изведувачите да имаат место на живеење во Општина Македонска Каменица. Нема ограничување на возраст. Повикот се однесува на сите уметници/музичари/артисти од Општина Македонска Каменица кои во овој период немаат ангажмани. Ќе бидат прифатени оние уметници/музичари односно музички групи/бендови, кои имаат барем минимум музичко искуство и настапи, појаснува Огнановски.

Сите изведувачи ќе добијат еднаков солидарен хонорар. Средствата се обезбедени преку Годишната програма за култура на КИЦ „Романса“ за 2020 година.

Заинтересираните за овој проект можат да го контактираат Горан Огнановски,  на тел: 070 230 687 /  078 416 531

                                                                                                                                    (ј.б.)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе