Малешевијата чека препородот од договорот Заев-Борисов

Берово, 03.08.2017

Славчо Сирачевски
Славчо Сирачевски

СЛАВЧО СИРАЧЕВСКИ:  долги години Берово го чека преминот Клепало. Го чека со душа зашто на секого му е јасно дека тој ќе го смени од корен животот на малешевци. Клепало ќе донесе големи бенефити, голем број туристи од Бугарија но и од светот. Туризмот во овој наш крај мора да се стави на пиедестал на централна точка од која Берово и Малешевијате ќе се развиваат, ќе одат напред, а народот, младите посебно, ќе имаат добра причина да останат на своите родни огништа“.

Отоврањето на граничниот премин Клепало кој е на 15 километри од Берово и ја поврзува Македонија со Бугарија е доловечен сон на жителите на Малешевијата. Имало многу надежи, уште повеќе разочарувања, од наша страна е направен асфалтен пат, а на преминот, кој не функционира има, од наша страна има зграда за царина и полиција. Многуте досегашни иницијативи за отворање на овој премин не дадоа резултат зашто за Бугарија ова не било приоритет.

Но, сега во Малешевија се чувствува нова надеж дека преминот сепак ќе профункционира. Дека со тоа ќе дојде едно многу понадежно време за нив.  И тоа во едно многу блиску време. Веќе од идната година. Надежта во овој преубав но испустен крај ја донесе Договорот за добрососедство помеѓу двете соседни држави, документ кај народот познат под популарното име Договор Заев-Борисов според потписниците на истиот, премиерите на двете држави.

Берово, денес
Берово, денес

„Долги години Берово го чека преминот Клепало. Го чека со душа зашто на секого му е јасно дека тој ќе го смени од корен животот на малешевци. Клепало ќе донесе големи бенефити, голем број туристи од Бугарија но и од светот. Туризмот во овој наш крај мора да се стави на пиедестал на централна точка од која Берово и Малешевијате ќе се развиваат, ќе одат напред, а народот, младите посебно, ќе имаат добра причина да останат на своите родни огништа“.

Кога вакво нешто кажува еден Славчо Сирачевски, кој 40 години е во туризмот како една од темелните светски стопански гранки, тогаш на овие зборови мора безрезервно да им се верува. Сирачевски е архитектот на туристичката агенција „Аурора“, директор на „Аурора Турс“ и на „Аурора ресрот и спа“ на Беровско езеро, заменик претседател на одделот за туризам при Стопанската комора на Македонија и член на Советот на агенцијата за промоција на националниот туризам.

На Аурора се венчаваат се поголем број млади
На Аурора се венчаваат се поголем број млади

„Преминот Клепало комуникациски ќе ги доближи Малешевијата и познатите бугарски тирусистички центри Сандански и Банско. Ќе го скрати патот до Кулата, граничен премин на Бугарија со Грција. Најголем број од бугарските туристи но и туристи од целиот свет кои и лете и зиме доаѓаат во Банско и во Сандански ќе дојдат и во Малешевијата. Ќе поседат тука неколку дена па кога ќе си заминат дома ќе ја раскажат приказната и за нас, за нашата преубава природа, за капацитетите кои им ги нудиме, за нашето надалеку познато гостопримство и така, од година во година прилиот на странски туристи ќе се зголемува“, вели Сирачевски.

Во Берово дознавме дека од овој град до Сандански има околу 25 километри, до Банско 40, до Кулата близу 70.

„Новиот автопат од Софија до Благоевград, изграден со европски пари, овозможува брз и квалитетен транспорт на туристи од сите страни на светот. Кај нас  во „Аурора“ на Беровско езеро, и денес најмногу доаѓаат туристи од Бугарија кои се одлични потрошувачи. Во ваков случај сигурни сме дека ќе имаме и многу туристи од Грција. Ако се отвори Клепало ние ќе отвориме наши агенции во Банско и во Сандански за потенцијалните туристи да имаат повеќе добри инфрмации за нашите потенција“, потенцира Сирачевски.

Нашиот соговорник отворено ги кажува и обврските на сите во општина Берово. Од градоначалникот, Советот на општината, пратеници до сите туристички работници.

„Во Малешевијата, десеттина години не е инвестирано ништо. А во овие наши краишта има светски капацитети. Тука се „Аурора рисорт и спа“ , хотел „Манастир“, хотел „Гогов“ во Пехчево, комплексот „Бела Вода“ на патот за Струмица, ВИП хотелот, а тука се поголем број преубави приватни вили кои се ставени во комерцијалниот туризам. За овој крај да стане привлечен државата ќе мора да инвестира добри пари. Патот од Берово до езерото е полн со дупки и плаче за нов асфалт, туристичката населба крај езерто е неосветлена, нема ниту една сијалица, покрај патот треба да се уреди патека за пешаци зашто многу луѓе го сакаат пешачењето, да се престане со неконтролирано сечење на шумите и со неумесното празнење на езерото, да се направи мини центар, убаво уреден по европски стандарди за бројните продавачи на преработки од шумски плодови од што живеат мнгу наши семејства.  Продавачите да бидат заштитени од сонце, дожд, ветер…Владата кон домашните инвеститори кои ќе сакаат да вложат во туристички капацитети да има ист аршин како и кон странските во однос на поддршката“, вели Славчо Сирачевски.

Тој ја најави и изградбата на новиот хотел на „Аурора“ кој ќе биде лоциран во сегашниот комплекс на Беровско езеро. Хотелот ќе има 70 легла а инвестицијата е во вредност од 1,5 милион евра.

 

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе