Меѓународен симпозиум: “Традиции во комуникациите и во духовната култура на Југоисточна Европа” во Охрид
Охрид, 6.септември 2018
“Традиции во комуникациите и во духовната култура на Југоисточна Европа ( право, економија, природни науки, уметност, литература, јазик), е насловот на Интернационален симпозиум во организација на Унесковата асоцијација АИЕСЕЕ и МАНУ.
Симпозиумот се одржува во “Куќата на Уранија”- МАНУ во Охрид, започна денеска претпладне, а ќе трае до 8 септември.
На свечениот почеток, говореа претседателот на МАНУ, академик Таки Фити и заменик министерот за образование и наука, професор д-р Петар Атанасов.
Академик Фити, рече дека една од целите на ваквите собири е да се сообразиме со новото време и меѓусебно да се почитуваме, како граѓани на обединета Европа и припадници на општества со европски вредности и стандарди.
– Македонија е модел за мултиетничко општество за Балканот и пошироко. Нашата земја, наспроти војните за прекројување на граници и размена на територии и население, се определи за соживот, за рамноправност, за мултикултура, отворено општество и инкузивност. Со таква определба Македонија чекори кон НАТО и ЕУ, од каде очекува сестрана поддршка за стабилна внатрешност, неповредиви граници, стопански развој и европско образование. Македонија,посебно Охрид се препознаени како земја на културата и на универзалните вредности, затоа веруваме во брз прием во евро-атланските структури – напомена Петар Атанасов.
Учесниците ги поздравија уште и генералниот секретар на АИЕСЕЕ Комитетот при Унеско, Разван Теодореску и претседателот на Комитетот, професор д-р Александар Костов.
-Сторивме многу, на Симпозиумот да учествуваат и претставнмици на Грција, во духот на нововоспоставеното пријателство и соработк,а, но зажал тие не допатуваа во Охрид, забележа генералниот секретар Теодореску.
Истото го потенцираше и академик Вера Битракова Грозданова, и самата чест учесник на слични собири во Атина и другите грчки градови, каде, вели е примана со респект и внимание.
Академик Битракова Грозданова, во својот научен труд поднесен на Симпозиумот, откри интересни детали за личноста Маргарет Димица, истражувач на античкото културно наследствоод 19 век, епиграфичар, историчари специјалист за античка топографија, по потекло од Охрид,од семејството Димзови, инаку ученик на Димитар Миладинов.
Бил професор во Охрид, Битола и Солун и специјализант по класична филозофија, археологија и филозофија во Лајпциг и Берлин.Потоа работи во Атина, каде ја пренесува својата сестрана наобразба, со познавање на класичните и европските јазици, античката философија и историја.
– Во неговото делување би го истакнале залагањето околу црковните прашања и статусот на Охрид во христијанската екумена. Уште во седумдесетите години на 19 век кога станува збор за смаленото достоинство на охридската црква, во градот како голем духовен, културен и религиозен центар, се појавува кај населението потребата и прашањето за обновување на Охридската архиепископија која делувала самостојно од 800 години до 18 век. Тогаш, тој, со помошта на угледни граѓани од Охрид и други градови од црковната диецеза, ќе состави барање, обраќање – апологија, опширно пишуван текст со наслов: „Околу автокефалноста на архиепископијата на Јустинијана Прима од Охрид„ со детално писмено објаснување за потербата на враќањето на овај вид на црковна самостојност-достоинство кое го имал Охрид,и исто така го заслужува. Тоа требало да го изведат Цариградската патријаршија, како што пишува Димица „како возлубена и чедољубива мајка„ и Султанот „како татко законољубив, народнољубив и павдољубив„. Требало со овој гест да се вратат 15 епархии на славјаните во престолот и можноста да се развива духовната просвета – потенцираше академик Битракова Грозданова..
Во текот на денешниот ден, говореа уште и Драги Митрески и Драги Георгиев, кој се осврна на дервенџиството и дервенџите како чувари на границите во времето на Отоманската империја.
Веле Митаноски