Меѓународната награда во Риека за Петко Шипинкаровски

 

Струга, 20.11.2016

Денеска во Риека; република Хрватска заврши фестивалот „Денови на пријателите на книгата“, на кој главната Меѓународната награда му беше доделена на македонскиот автор Петко Шипинкаровски.

Наградата на Шипинкаровски му беше врачена во Градското собрание на Риека, за посебниот придонес кој македонскиот автор го дава за националната и светска литература и култура и за меѓународната соработка. За творештвото на Шипинкаровски, говореше проф. д-р Васил Тоциновски.

– Примајќи ја наградата „Книжевно перо“ на Хрватското книжевно друштво од Риека од Република Хрватска како резултат на придонес во културата и меѓународната соработка, сум радосен и среќен. Исто така, тоа ме обврзува и искрено се надевам дека нашата соработка не само што ќе продолжи уште позасилено за афирмација на хрватската и македонската литература и култура, туку ќе бидат и надградени во интерес на двата народи и на двете независни држави. Секој пат Република Хрватска била и останала на браникот на одбрана на македонскиот идентитет, вложувајќи максимални услови за нејзината афирмација – рече Шипинкаровски.

Македонската писателска репрезентација во Риека ја сочинуваат Васил Тоциновски, Петко Шипинкаровски и Виолета Сековска засилена со македонската поетеса што живее во Задар, Мирјана Мајиќ.

(м.д.)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе