Свети Николе, 11.06.2018
Денес, во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе се водеа завршните разговори со Eкономскиот факултет од Универзитетот во Љубљана (Словенија) предводени од заменик деканот на Економскиот факултет – проф. д-р Марко Пахор и претставници од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
Во разгоровите беше заклучено дека од 18 октомври 2018 година почнуваат Мастер студиите, за кои претходно, на 30 април годинава, беше потпишан договор за соработка.