МСУ: Најдобриот спортист и спортистка добиваат стипендии за магистерски студии
Свети Николе, 25.12.2017
Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ и Агенцијата за млади и спорт денес потпишаа договор за соработка.
Првиот проект на оваа заедничка соработка се стипендиите за магистерски студии кои Славјански ќе ги додели на спортската манифестација „Избор на најдобри спортисти на годината”. Оваа манифестација е во организација на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации, а ќе се одржи утре во Драмски театар.
Имено, согласно договорот, најдобриот спортист и спортистка ќе добијат стипендии за магистерски студии на МСУ „Гаврило Романович Державин“.
Договорот беше потпишан во просториите на АМС, а на истиот свој потпис ставија ректорот на МСУ, проф. д-р Душан Николовски и директорот на АМС, Дарко Каевски. Нa свечениот чин присуствуваше и Борче Серафимовски, директор на МСУ.
„Со овој договор ќе се продлабочи нашата меѓусебна соработка во многу области, со посебен акцент на спортските активности“, изјави ректорот Николовски.