НАРЕДНАТА СЕДМИЦА – ГОЛЕМ НАУЧЕН СОБИР ВО ОХРИД: “ОХРИД И БАЛКАНОТ, АРХЕОЛОШКИ ПОГЛЕДИ”

Охрид, 25 септември 2019

– Македонска академија на науките и уметностите и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“, од средината на наредната недела, организираат Научен собир на тема: “Охрид и Балканот, археолошки погледи”.

Со учество на еминентни научни работници од земјата и светот, собирот ќе се одржи на 4 и 5 октомври, во Куќа Уранија (МАНУ), во Охрид , а како повод е земен 80-тиот роденден на академик Вера Битракова Грозданова, за чие дело, од науката оценето како “приказ на случувањата – 10 века наназад во антиката”, осврт подготвува професор Силвана Блашжеска.

Битракова, е првиот експерт на балканските простори за Десаретија, регионот на Охрид и Преспа, посебно за островите Голем Град и Свети Ахил.

Академик Георги Старделов, за Битракова ќе каже:”истражувач од Колумбовски вид, таа Десаретија ја открива како – Западна порта на антиката, без неа – Гетеовски кажано: немаше да знаеме од каде сме, што сме во историјата времето и просторот? Тоа е една илустрација на времето, откривањето и истрајувањето, од ‘Еурека’ на Архимед до современиот Фуко“.

Учесниците од нашата земја, Валентина Тодороска, Драги Митрески, Алоександра Папазоска и Паско Кузман, главно се задржуваат на културно – историскиото наследство во Охрид и Охридско.

Археологот Кузман, на пример, ќе говори за древните некрополи во Охрид, со посебен нагласок на Самуиловите крепости.

Академик Битракова, раководител на Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“,посебно го нагласува најбројното учество на истакнати познавачи на античкото наследство од соседна Грција.

Тоа може да се смета и како први повидливи плодови од политичкото и мегудржавно зближување помегу двете земји, иако, академик Битракова потсетува дека нејзиното лично  искуство е позитивно уште од времето далеку пред Преспанскиот договор.

Никос Акаматис ќе говори за културно – историските аспекти на пронајдените фигурини од времето на Македонското кралство.

Деспина Игнатијаду, за класичната стаклена иконографија од времето на Хеленска Македонија, додека Периклес Христодулу, на тема: ”Хермеракли – Хермес и Херакле заеднички слики”.

Бранка Миготи, од Хрватска, ќе ги осветли социо – културните аспекти на женската мода во Римска Јужна Панонија.

Од Бугарија доага Дијана Ботева, која ќе говори на тема: “Култни практики во Римска Тракија – нови перспективи”, додека Јуриј Кузмин од Руската Федерација, за историјата на Македонското кралство од времето на Дематиус Втопри (239-229), пред новата ера.

Веле Митаноски

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе