Свети Николе, 14.11.2018
Денес во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе се одржa промоција на учебници од авторите проф. д-р Трајко Витанов и проф. д-р Даниела Тошева.
Промотор на делата беше проф. д-р Јордан Ѓорчев, а свои обраќања имаа и доц. д-р Светлана Кочовска-Стевовиќ од Институтот за класични студии при Филозофски факултет – Скопје, и проф. д-р Иван Ефремовски од Факултетот за правни науки при овој универзитет.
„За докажувањето – доказите и доказните средства во казнената постапка“ – Проф. д-р Трајко Витанов – учебникот со својата обемност настојува да ги опфати сите процесни дејствија и средства што имаат значење на докази во казнената постапка, и претставува труд кој ќе има апликативно и научно значење за сите, што на еден или на друг начин, во едно или во друго својство учествуваат во казнената постапка, или покажуваат интерес за неа.
„Законот на дванаесет таблици“ – Проф. д-р Даниела Тошева, за првпат на македонската публика и е достапен превод на Законот на дванаесет таблици, кој претставува стручен превод од латински јазик. Преводот на текстот е паралелен со оригиналниот текст, кој се темели на еминентни стручни изданија. „
Учебнците „За докажувањето – доказите и доказните средства во казнената постапка“ и „Законот на дванаесет таблици“ се во издание на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.