Непознатата убавина на нашите рудници
Штип, 20.02.2019
Рудниците се сметаат за царство на мажите. Тоа е така поради карактерот и сложеноста на работата која во нив се работи.
Но, не се само мажите тие кои придонесуваат за благосостојбата на рудниците и на рударските места. Во таа приказна свој удел си имаат и претставнички на поубавиот пол. Тие се таа непозната убавина која придонесува за подобар живот во нашите рударски градови.
Во рудникот за олово и цинк САСА во Македонска Каменица и во единствениот рудник за бакар во Македонија БУЧИМ кај Радовиш бројни дами даваат значителен придонесе за општиот успех на овие рударски претпријатија. Најчесто работат во лаборатории, во администрација, животна средина но ги има и на позиции кои бараат почесто влегување во јамите на САСА или на отворените копови на Бучим.
Во прилог на текстот ви ги претставуваме жените кои работат на значајни позиции во спомнатите рудници. Од приложеното можете да се види дека се убави, а од успехот на овие рудници се насетува дека се и успешни во она кое го работат.
Дел од женската екипа на Бучим. Од лево на десно: Кристина Казанџиева, Елизабета Гигова, Маја Трајкова, Костадинка Поп Гонова, Аница Ќосева, Марија Сарафилоска и Афродита Трајанова.
Дел од женската екипата на САСА. Од лево кон десно стојат:
Соња Николовска, Катерина Милчевска, Маја Захариевска, Катерина Новакова, Вера Досева, Виолета Дисевска, Сандра Ристовска….
Седат од лево кон десно:
Весна Митевска Георгиевска, Сашка Арсова, Билјана Милошевска и Наташа Ангеловска
Секако, не се само овие дами дел од женските тимови кои работат во овие рудници.За другите, во друга прилика…