Новинарите го избраа најдоброто од истокот

Штип, 22.12.2018

 На денешната средба во Штип новинарите од источниот регион во рамките на регионалниот центар „Исток“ го избраа најдоброто во регионот во повеќе значајни области.

Добитници се:

1.НАУКА За најдоброто во науката е избран Академик проф.д-р Блажо БОЕВ, ректор на УГД, кој годинава беше избран за дописен член на МАНУ. Боев зад себе има голем број научни трудови објавувани во домашни и во светски научни списанија, а со неговиот избор за член на МАНУ регионот, по пауза од точно 30 години, го доби својот нов академик.

2.СТОПАНСТВО категорија домашна инвестиција ВИТАМНИКА Прилеп за деловниот потег со купувањето на штипската фабрика за масло БРИЛИЈАНТ со што ургентно ја активира затворената фабрика и ги врати на работа сите 70 работници.

 3.СТОПАНСТВО, странска инвестиција  АМФЕНОЛ-Кочани кој вработува околу 2.000 лица и значајно придонесува за благосостојбата на Кочани, на регионот и на Република Македонија.

.4. ХУМАНОСТ… Кирчо СТОЈОВ од Кочани кој донираше дел од свој орган со што спаси живот на млада личност.

5.ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ  …Компанијата ВИНЧИНИ – Виница за проектот за социјализација на децата со потребни потреби, мерки во екологијата, редуцирање на технолошкиот отпад и рециклирање на амбалажа.

  1. КУЛТУРА Тетараска група „СЦЕНА 71“ – Свети Николе, за континуиран придонес во културата на градот и државата.

7.МЕНАЏЕР НА ГОДИНАТА     избрана е ДРАГИЦА ЗДРАВЕВА, раководител на Центарот за развој на Источниот плански регион за нејзиниот квалитетен придонес во раководењето со центарот и изработка на квалитетни проекти со кои се привлекувани странски донатори со што ИПР за осум години од претпоследно-седмо се искаќи на трето место по развеност.

8.НОВИНАРСТВО  за новинар на 2018 година е избрана ВИКТОРИЈА ЈОВАНОВА ДИМИТРОВА, новинар на ТВ Ирис, дописник на ТВ Телма и на МИА од Штип и регионот за над 500 објавени прилози на овие медиуми и за силната посветеност на професијата.

9.СТРАНСКИ ПОМАГАТЕЛ    избрана е АМБАСАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА, за нејзиниот влог – донации во филтер станиците во Штип и Пробиштип и во некои други места во регионот.

10.СПОРТ    признанието го добива ФК КИТ ГО – ПЕХЧЕВО и неговиот сопственик КИРЕ ГОГОВ  како пример зџа вложување во спортот во мала средина, вложувања во изградба на тренинг центар во Пехчево и  брз успех во македонскиот фудбал.

11 НЕВЛАДИН СЕКТОР   Регионлен центар за застапување од Делчево

12.ПОСЕБНО ПРИЗНАНИЕ му е доделено на ИВАН БОЈАЏИСКИ идејниот творец на манифестацијата „Најдоброто од истокот“ за успешното петгодишно менаџирање со истата.

Новинарите засега не ги доделија признанијата во областите образование, здравство, туризам и животна средина поради недостиг од предлози. За овие категории предлози ќе се даваат до 10 јануари, 2019 година.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе