Нови вработувања на 44 млади лица во Рудник САСА

Македонска Каменица, 11.03.2019

Од почетокот на овој месец, рудникот за олово и цинк САСА вработи нови 44 лица. Пред да стапат на работните места, за сите нови членови на тимот е организирана соодветна обука за да се осигура дека тие безбедно ќе ги извршуваат работните задачи. Согласно процедурите за работа што важат во целокупниот рударски комплекс, во почетниот период, сите нововработени ќе бидат под засилен мониторинг и придружба од искусни вработени, за да можат да го достигнат неопходното ниво на работни вештини.

sasa 1„Среќни сме што го зајакнуваме нашиот тим со нови вработени. Просечната возраст на нововработените е 27 години и ние веруваме дека тие ќе внесат дополнителна енергија и ентузијазам во нашиот тим, што ќе помогне во зголемувањето на вкупната ефективност и продуктивност на нашата компанија. Како компанија ќе сториме сѐ нашите нови вработени да ја добијат неопходната поддршка од сите нас, за да можат полесно да се вклопат во колективот и секако, да се чувствуват добредојдени и исполнети“, вели генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној.

Во поново време САСА бележи зголемен број нови вработувања, што претставува уште едно значајно вложување во сегментот на човечките ресурси во компанијата. За потсетување, од почетокот на годината, рудникот повторно ги зголеми платите на вработените, со што тие се и до 30% повисоки од просечните плати во рударската индустрија во земјава. Со новите вработувања, вкупниот број на вработени во САСА надмина 680лица.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе