Делчево, 05.09.2018
Обезбедени се дополнителни 10 милиони за доизградба на патниот правец Бигла-Виница со што е овозможено асфалтирање и реконструкција на дополнителни два километри од овој патен правец, односно комплетна реконструкција на патот кој поминува низ село Трсино.
Проектот за изградба на патниот правец с. Бигла-Виница е во завршна фаза од реализацијата. Досега се асфалтирани околу 2, 5 км од делчевската страна на патот, а во тек се градежните работи за асфалтирање на делот од Виничката страна, каде наместо првично предвидените 4, 6 км сега ќе се асфалтираат 6,5 км.
Реконструкцијата опфаќа и проширување на коловозот од три на пет метри.
Градежните работи за овој патен правец се влезени во Програмата на ЈП за државни патишта, и за него наместо првично предвидените 52 милиони денари,од државниот буџет се издвоени 62 милиони денари.
Изведувач на работите е ЈП Македонија пат. Градежните работи треба да завршат до крајот на септември.